Тестирајте го здравјето на косата во 3 чекори

Секако дека постојат одредени мали работи кои ви укажуваат на тоа колку ви е здрава или оштетена косата и кои ве наведуваат веднаш да појдете до фризерот , но пред да го направите тоа можете да ги испробате и овие тест правила за здрава коса.

testirajte-go-zdravjeto-na-kosata-vo-3-cekori-001.jpg

Пред да се одлучите за кратење на краевите на косата можете:


1. Натопете ја косата

Извадете неколку суви влакна од косата и од нив направете топче, а потоа истото ставете го во чаша вода. Ако топчето за помалку од 30 секунди потонува на дното, вашите кутикули се полни со ситни оштетувања и пукнатини поради кои и внатрешноста на влакното ви е оштетена.

Ако топчето плута повеќе од 1 минута можете слободно да бидете модел за коса, бидејќи вашата коса е совршено здрава.


2. Растегнете ја

Едно влакно од вашата коса потопете го во вода и потоа држејќи го за двата краја полека растегнувајте го. Ако бргу се искине тоа е доказ дека на вашата коса и недостасува еластичност поради која е подложна на пукање посебно на краевите.

Здравото влакно се растегнува барем за 25% од нормалната должина.


3. Бушавост

Застанете пред огледало и со батериска светлина добро проверете ги влакната на темето кои се разлетани и не се дел од остатокот од косата.

Ако имате многу мали рамни влакна тоа значи дека имате голем број на млади влакна и дека вашата коса сама се обновува. Ако пак, влакната се крути и нерамни, тоа значи дека вашата коса е оштетена.

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава