Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тажна страна на екстремното слабеење: Ќе ве направи ли губењето на килограмите посреќни?

Губењето на килограмите знае да биде долготраен и напорен процес за кои сите велат дека со намалување на тежината ќе ни се подобри здравјето и дека ќе имаме многу повеќе енергија, а и дека ќе изгледаме многу подобро. Но, што потоа?

taznata-strana-na-ekstremnoto-slabeenje-kje-ve-napravi-li-gubenjeto-na-kilogramite-sreknji-01.jpg

Малку кој зборува за моментите по слабеењето, посебно кога станува збор за она екстремното кое покрај радоста носи и неизмерна несреќа. Колку и да добивате пофалби и комплименти, сè уште останува несигурноста посебно кога ќе застанете пред огледало.

Губењето на тежината не значи дека ќе бидете посреќни.

Мислите дека сите ваши проблеми магично ќе се решат, но за жал секогаш не е таков случајот, туку всушност тоа ретко се случува.

Можете да ја контролирате вашата рутина по брзото губење на тежината со мали порции на здрава храна и вежбање, но треба да научите и да го сакате своето ново тело.

Елна Бејкер е талентирана писателка и комичарка, а нејзините мемоари именувани како „The New York Regional Mormon Singles Halloween Dance “ се серија на приказни токму околу нејзиното тело, религијата и потрагата по партнер.

Елна не се срами да ја сподели својата животна приказна низ хумор што ја прави далеку по вистинита и допирлива за луѓето. Од неодамна таа ја споделила својата приказна околу тоа како губењето на 50 килограми влијаело на неа.

„Најтешка бев кога имав 120kg. Во раните 20-ти со диета изгубив 50kg. Замислува дека губењето на толкава тежина ќе ми донесе сцени во животот како оние во малата сирена, кога Ариел ги набљудува своите нови нозе, но не беше баш така“ – објаснува Елна.

taznata-strana-na-ekstremnoto-slabeenje-kje-ve-napravi-li-gubenjeto-na-kilogramite-sreknji-1.jpg

По слабеењето таа не изгледала како што сите изгледаат кога ќе се најдат голи пред огледалото. Имала вишок кожа која висела на сите страни.

„Долго време се обидував со вежбање и разни лосиони да се ослободам од вишокот кожа. На крај се одлучив за пластична хирургија. Не сакав целосно да го променам својот изглед, само сакав да му дадам можност на моето тело да не изгледа како некогаш да имало 120kg“ – додава Елна.

Имала вкупно 4 хируршки зафати, но ниту операциите не и помогнале да се ослободи од вишокот на кожа.

„Кога ќе ги испружам моите раце и нозе изгледам како летечка верверичка, бидејќи имам вишок кожа на сите страни, стрии кои одат од рамо до бутови и моите гради паѓаат инстантно и по најмалото навалување. Не сакам никој да ме гледа гола“  - додава.

taznata-strana-na-ekstremnoto-slabeenje-kje-ve-napravi-li-gubenjeto-na-kilogramite-sreknji-2.jpg

Нејзината приказна зборува токму за тој факт, дека ако ја изгубите телесната тежина не мора да значи дека ќе се чувствувате удобно.

„Постои идеја дека за да го сакате своето тело треба или да го прифатите или да го промените. Јас не припаѓам на ниту една страна. Пробувам да се прифатам себеси, но се борам. Сакам да бидам во подобра форма, но не сакам да одам во теретана. Тежината константно ми варира и тоа не ми се допаѓа“.

Можеби ви се чини дека многу работи ќе се решат со зборовите „Ќе одам на јога за да ослабам“ или „Од утре започнувам со диета“, но реалноста е дека некои работи нема да се променат.

„Најдобар совет кој можам да им го дадам на другите е да се прифатат себеси и да престанат да ја трујат својата сегашност со минатото, но така се чувствувам како лицемер, бидејќи ниту јас самата не го прифаќам моето тело“ – советува Елна.

Вистината е повеќе од брутална, но покажува дека сите на светот имаат проблеми со својот изглед и секојдневно се сретнуваат со разни потешкотии и предизвици кога се во прашање нивните тела.

Би можело да ве интересира:

Боја на коса која ќе биде хит во 2025 – за дамите кои сакаат луксузен и богат изглед Впечатлива и богата, а истовремено топла и пријатна чоколадна нијанса е бојата к...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
Маја Глигоровска за стилот и убавината: „Купувам облека во странство, а не тргам на пат без мојата б... „Избирам да се хранам здраво, а и кога ќе си дозволам да излезам надвор од рутин...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg