Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Модната блогерка која не се шминка

Леандра Медин е модна блогерка и уредник на интернет страната Man Repeller – интересна страна која на хумористичен и забавен начин ги доловува модните трендови.

modna-blogerka-koja-ne-nosi-shminka-01.jpg

„Модата треба да ги прави среќни жените, а не мажите. Токму затоа, најновите трендови речиси никогаш не им се допаѓаат на мажите, туку на жените“ – дел од многуте изјави кои можете да ги слушнете од неа.

Овој блог досега има освоено неколку награди, а покрај него и Медин влегува во листата „Топ 30 жени под 30 години“ на Frobes.

Оваа модна блогерка од Њујорк досега имала можност да работи за голем број на познати модни списанија како: Harper’s Bazaar, The New York Post, Gracia и многу други, но сепак се одлучила за онлајн кариера.

Во 2009-та година таа го започнала нејзиниот прв блог Boogers + Bagels, но веќе во 2010-та година го започнува добро познатиот Man Repeller.

„Се смеевме со една пријателка околу тоа како се е наменето да направи аверизија кај мажите: широки и развлечени пантолони и огромни кошули со широки раменици, па токму така ми дојде идејата и за името на блогот“ – објаснува Медин.

И додека нејзиниот блог претставува уште еден од многуте интернет страни кои се занимаваат со модата, она што е интересно околу неа е тоа што таа не носи шминка.

Можеби оваа спојка ви се чини како екстремно чудна, бидејќи модата и шминката некако одат заедно, но таа има интересно објаснување околу тоа: „Вистинската причина зошто не го правам тоа е затоа што сум мрзелива, но тоа што не носам шминка не значи дека не сакам да се грижам за својата кожа. Сакам да знам дека ако не го измијам вечерва моето лице, на перницата нема да остане масивна трага од мојата шминка. Плус имам читано дека маскарата може да предизвика опаѓање на трепките. Зошто би го сакала тоа? Сакам да ги задржам моите природни трепки и во мојата старост“.

„Што е најважно се чувствувам удобно во својата кожа. Не ја мразам личноста која ја гледам во огледалото. Имам прифатено дека рефлексијата која се одбива од огледалото е сосема во ред заедно со нејзините убавини и недостатоци. Забележувам дека мојот нос малку повеќе се истакнува, но тоа не ми пречи. Знам дека се појавуваат брчки, но немам намера да ги сокривам“ – заклучува таа.

Би можело да ве интересира:

Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...
12 жени кои отишле во непроверен салон за убавина и зажалиле (фото) Ужасно лош маникир, шминка која личи како да ја правело дете, а не шминкер - иск...
Маја Глигоровска за стилот и убавината: „Купувам облека во странство, а не тргам на пат без мојата б... „Избирам да се хранам здраво, а и кога ќе си дозволам да излезам надвор од рутин...
Анастасија Илиевска за стилот и убавината: „Еднаш месечно одам на козметичар, вежбам 5 пати неделно“ „Облека пазарам таму кај што нешто ми се допаѓа - може да е во маалска, дизајнер...
Гел, пена, пилинг: Која е разликата меѓу продуктите за чистење лице (и кој е најдобар за вас)? Додека пената за чистење лице е добра за мрсна и комбинирана кожа, не е препорач...
Мери Бајрамовска за стилот и убавината: „Сама си правам маски за лице, јадам сè умерено - не се отка... „Сметам дека тајната на убавината не е во скапите козметички препарати, туку во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg