VERSACE EROS POUR FEMME - Парфем за страсните жени

Од сите наши сетила, сетилото за мирис најмногу се поврзува со емоциите. Иако мирисите се невидливи и испаруваат, тие се поврзуваат со спомените и токму затоа имаат влијание на нашата потсвест и чувства. Мирисите можат да го намалат стресот или апетитот, или пак да направат да се чувствуваме посреќни.

versace-eros-pour-femme-parfem-za-stasnite-zeni-01.JPG

Машкото сетило за мирис функционира како филтер, систем кој буквално ги анализира сите потенцијални партнери. Мирисот има голем потсвесен ефект, ја поттикнува нашата самодоверба, претставува силен афродизијак, влијае како магнет врз луѓето околу нас.

Токму таква привлечност предизвикува најновиот парфем за жени од Версаче - EROS POUR FEMME. Овој парфем ја има преточено оваа исконска моќ на жената во еден блескав и заводлив мирис. Тој претставува олицетворение на привлечност, желба и страст, комбинација на предизвикувачки  женствени ноти.  Привлечноста ja постигнува со комбинација од мирисите на лимон од Сицилија и Бергамот од Калабрија кои привлекуваат внимание, како и со зрната од Калинка кои вчудоневидуваат и заведуваат.  Желбата се изразува преку Јасминот кој пренесува автентична и безвременска женственост. Страста, длабока и мистериозна е добиена од дрвените ноти на сандаловото дрво.

Овој парфем ќе ги освои срцата на сите оние кои се во потрага на нешто впечатливо и уникатно.

Би можело да ве интересира:

Изберете маникир според хороскопскиот знак, за до крајот на летото (фото) Ако сте Овен може импулсивно да изберете маникир, па да се каете, а ако сте Деви...
Дречливи бои, лак со текстура - Топ 7 идеи за педикир за пролет-лето 2026 Наскоро ќе почне сезоната на сандали и одење на плажа, кога вашите прсти на нозе...
Една фризура која ќе биде хит летово, а се прави лесно – ќе ја обожаваат девојки кои немаат време за... Нирвана брановите се новиот тренд за лето 2026 - младите ги враќаат трендовите о...
Четири причини зошто имате многу груба кожа на стапалата (и покрај редовниот педикир) Користите многу груби алатки, како метална турпија за пети, и ја занемарувате не...
5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совр...
14 идеи за пролетен маникир со кои секој аутфит ќе ви изгледа поубаво (фото) Оваа сезона ноктите не треба да бидат многу долги (кусите нокти се во мода), а б...

Најчитани неделава