Каролина ја открива тајната зад гламурозниот изглед

Компанијата која ја комбинира негата, убавината и иновацијата посочува дека LUXE им овозможува на жените да изгледаат и да се чувствуваат супериорно.

karolina-ja-otkriva-tajnata-zad-glamurozniot-izgled-01.jpg

Карминот, сјајот за усни, пудрата, маскарата, тушот и сенките за очи од колекција Luxe на козметичкиот гигант АВОН се неизоставен дел од несесерот на една од најнегуваните дами на домашната сцена, Каролина Гочева. Овие производи кои стилистите ги опишуваат како „Магијата на гламурот“ сега им се достапни и на Македонките. Линија на светско ниво ја промовирале повеќе познати лица, а актуелен амбасадор е атрактивната тенисерка Марија Шарапова. Во земјава зад неа застана нашата позната пејачка која додава дека ѝ е задоволство да промовира козметика која и самата ја користи. 

karolina-ja-otkriva-tajnata-zad-glamurozniot-izgled-02.jpg

- Секоја жена е во постојана потрага по идеалната шминка, но откако почнав да ги користам производите од Luxe мојата потрага заврши. Секојдневно ги употребувам и освен што го негуваат мојот изглед, придонесуваат да се чувствувам убаво. Мило ми е што можам да зборувам за производи во кои и јас верувам – изјави Каролина Гочева. 

Специфично за оваа линија шминка е тоа што содржи екстракти од скапоцени состојки како бел сафир, прав од црни дијаманти, свила, бисери, кавијар и слично, кои не само што придонесуваат за вистински гламурозно чувство, туку и ја прават оваа шминка како една од најквалитетните и погодна за професионална употреба. Стручњаците ја опишуваат колекцијата како микс на скапоцени состојки и раскошни бои кои се спакувани во златен гламур. Дел од LUXE се кремастиот сјај за усни и карминот кои, покрај тоа што придонесуваат за неодолив изглед, ги штитат и хидратизираат усните. Камената пудра ги покрива недостатоците на кожата и ја изедначува нејзината структура додека свиленкастата течна пудра му дава на лицето ултралесно чувство, го тонира и притоа не ги затвора порите. 

Маскарата дава гламурозен изглед, а четкичката се приспособува за совршена дефиниција и интензитет на трепките од коренот до врвовите. Воедно е долготрајна и не се создаваат грутчиња. Прецизниот туш ги дефинира очите со заводлива, интензивна боја и овозможува свежо чувство во тек на целиот ден, додека палетата со сенки има пет гламурозни бои збогатени со многубројни пигменти и може да се комбинираат за совршен дневен ноќен изглед. 

karolina-ja-otkriva-tajnata-zad-glamurozniot-izgled-06.jpg

Компанијата која ја комбинира негата, убавината и иновацијата истакнува дека LUXE им овозможува на припадничките на понежниот пол да изгледаат и да се чувствуваат супериорно. 

Би можело да ве интересира:

Застарени трендови за маникир и 7 нови што ќе ги заменат оваа сезона Додека цветчињата се застарени, бебешко сината нијанса е модерна и доаѓа на мест...
35 идеи за маникир инспириран од новогодишните празници (одлични и за кратки и за долги нокти) Елки, сијалички, ирваси, светки, црвената и зелената боја, снегулките... сето ов...
Пет застарени трендови за маникир кои изгледаат кич Многу кристали и светки и неонски бои – трендови за маникир кои некогаш беа хит,...
Како лакот за нокти да ви трае подолго од два дена? Темелно измијте ги исушете ги ноктите пред лакирање, и не заборавајте да ставите...
Топ 10 идеи за летен педикир - Совршени нокти за на плажа во 2026-та Класичниот француски маникир не е во тренд, ниту пак црвените светли нијанси. То...
4 хит фризури кои ќе ја одбележат есен 2025 – идеално време за промени Доколку оваа есен сакате да ја освежите косата имаме 4 предлог фризури кои ќе би...

Најчитани неделава