8 чудни трикови за убавина кои докажано делуваат

Сенка за очи на коса? Или пиво наместо маска? Звучи како нешто што никогаш не би го направиле, но оние кои ги испробале овие трикови велат дека делуваат.

8-cudni-trikovi-za-ubavina-koi-dokazano-deluvaat-001.jpg

Не би било лошо да ја промените дневната рутина за разубавување и да искористите некој трик:

1. Сенка за очи против подраснат корен

Најдете ја сенката која е најблиску до вашата боја на коса и со мала четка нанесете на местата каде коренот е најмногу видлив. Потоа пропрскајте лак за да го продолжите ефектот.

8-cudni-trikovi-za-ubavina-koi-dokazano-deluvaat-1.jpg


2. Бебешка пудра за подолги трепки

Ако сакате ефект на вештачки трепки, нанесете слој бебешка пудра под маскарата. Задолжително нанесете два слоја маскара.

8-cudni-trikovi-za-ubavina-koi-dokazano-deluvaat-2.jpg


3. Течен туш и моливче во едно

Загрејте го моливчето за очи и ќе добиете течен туш. Замрзнете го и потоа повторно можете да го користите како моливче без да се рони.

8-cudni-trikovi-za-ubavina-koi-dokazano-deluvaat-3.jpg


4. Пиво наместо маска за коса

Пивото ја прави косата мека и сјајна, а сè што треба да направите е да го исплакнете и измасирате скалпот со 1 чаша пиво. Оставете да делува 5-10 минути и исплакнете.

8-cudni-trikovi-za-ubavina-koi-dokazano-deluvaat-4.jpg


5. Маслиново масло за чистење

Наместо да се мачите со скапи тоници, матираниот кармин и водоотпорната маскара најлесно се отстрануваат со маслиново масло на памук.

8-cudni-trikovi-za-ubavina-koi-dokazano-deluvaat-5.jpg


6. Активен јаглен за бели заби

Намокрете ја четката за заби, истолчете неколку јаглени и мијте ги забите 3-4 минути. Иако тие неколку минути устата ќе ви биде црна, откако добро ќе исплакнете, забите ќе бидат барем за нијанса побели.

8-cudni-trikovi-za-ubavina-koi-dokazano-deluvaat-8.jpg


7. Брзо нашминкани очи

Две во едно трикот се состои во тоа што на гумичката на виткачот за трепки треба да нанесете црно моливче. Додека ги виткате трепките имате совршено исцртани очи.

8-cudni-trikovi-za-ubavina-koi-dokazano-deluvaat-6.jpg


8. Регенератор како подлога за бричење

Ако немате пена за бричење, на нозете ставете регенератор. И тој ве штити од гребењето на кожата.

8-cudni-trikovi-za-ubavina-koi-dokazano-deluvaat-7.jpg

Д. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пет грешки поради кои не ви помага ни најскaпиот антиперспирант во лето Ставате антиперспирант неколкупати во текот на денот без да ги исчистите пазувит...
Четири причини зошто имате многу груба кожа на стапалата (и покрај редовниот педикир) Користите многу груби алатки, како метална турпија за пети, и ја занемарувате не...
Нокти кои потсетуваат на љубов - 40 идеи за маникир за Свети Валентин (фото) Денот на вљубените е совршено време за нокти со тема љубов - време е за црвени л...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...
Топ 10 идеи за летен педикир - Совршени нокти за на плажа во 2026-та Класичниот француски маникир не е во тренд, ниту пак црвените светли нијанси. То...

Најчитани неделава