Изборете се со сувата кожа: 4 намирници кои ќе ве спасат оваа зима

Сувата кожа е последица на многу надворешни фактори меѓу кои се и исхраната и ниската температура.

izborete-se-so-suvata-kozha-4-namirnici-koi-kje-ve-spasat-ovaa-zima-01.jpg

Доколку во овие ладни денови забележувате дека кожата ви е посува него вообичаено, веројатно станува збор за сезонски проблем.

Добрата вест е што лесно може да се изборите со сувоста на кожата благодарение на некои намирници кои сигурно ги имате дома, а никогаш не ви паднале на памет дека можат да ви бидат од помош.

Еве кои продукти можат да ви помогнат:

1. Кора од портокал

Доколку имате мака со испукани усни, решението се крие во кората од портокал - поточно во нејзините бели делови. Тие се богати со витамин Ц и се погодни за отстранување на мртвите клетки од усните.

Како се користи: Внатрешната страна од кората на портокалот искористете ја за нежно да ги масирате усните. Избришете се со влажен пешкир и нанесете хидратантен балсам.


2. Ориз

Водата во која се вари оризот може да ја смири кожата бидејќи е богата со витамин Ц и Е, антиоксиданси и минерали. Задолжително користете органски ориз, кој не е третиран со штетни супстанции.

Како се користи: Ставете половина шолја ориз во мал сад и дополнете со вода. Оставете да отстои барем 10 минути, а најмногу еден час. Потоа, исцедете ја водата и со сунѓер или памук натапкајте ја водата на лицето. Оставете да отстои 1-2 минути и измијте го лицето.


3. Морков

Иако не е познат како продукт кој го подобрува квалитетот на кожата, морковот е нежен, хидратантен и богат со витамини како А и Ц, железо, антиоксиданси и калиум. При изборот на моркови секогаш одбирајте ги оние кои се органски и се локално одгледани.

Како се користи: Излупете го и исечкајте го морковот. Проварете го додека не омекне. Оставете го да се олади. Исцедете го и зачувајте ја водата. Во блендер измешајте го со кафена лажичка јогурт и малку вода која ви остана од готвењето. Потоа, нанесете го на кожата со помош на четка и оставете ја смесата на лицето 5-10 минути. Измијте се со млака вода.


4. Јогурт

Како еден од најдобрите намирници за сува кожа, јогуртот содржи пробиотици кои ја смируваат кожата и лактозна киселина која ги отстранува мртвите клетки од кожата.

Како се користи: Размачкајте половина лажичка грчки јогурт на лицето. Оставете минута-две и потоа измијте се со млака вода.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трендови за убавина со кои ќе треба да се збогувате во 2026-та (и немојте да жалите за тоа) Ако не можете (или не сакате) да се откажете од хајлајтерот, бидете многу умерен...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Елена Николовска, фризерка, за CRNOBELO: „Дали косата треба да е мрсна или чиста пред фарбање?“ Дали треба да се фарбате на чиста коса? Или е подобро ако косата ви е мрсна? Ово...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...

Најчитани неделава