Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 добри причини зошто да престанете да се шминкате од денес

Шминката им дава многу самодоверба на жените, но нема ништо поубаво и посекси од природниот изглед на лицето. Затоа дајте ѝ да дише на кожата барем неколку дена неделно и пробајте да бидете природни.

4-dobri-prichini-zosto-da-prestanete-da-se-shminkate-od-denes-01.jpg

Ова се 4-те одлични причини зошто да престанете да ставате шминка:

1. Кожата ќе ви биде благодарна

Поголемиот дел од производите содржат штетни и токсични материи кои веднаш се апсорбираат во кожата. Козметичките производи содржат пропилен гликол, натриум бензоат и одредени канцерогени супстанции кои предизвикуваат алергиски реакции.

Ако сакате да имате блескава кожа без дамки, мора да престанете да ја покривате со еден тон шминка. Ако постојано носите шминка, таа ќе се впие во порите и ќе ги зголеми – што на крајот ќе создаде дамки или акни на лицето.


2. Ќе имате повеќе слободно време

Просечната жена нанесува дури 17 козметички производи пред да го напушти домот. А, за примена на сите тие производи е потребно најмалку еден час дневно.

Едно истражување покажало дека просечната жена поминува 474 денови од својот живот во шминкање. Затоа, престанете да се шминкате и ќе имате еден час дневно во кој може да правите што сакате.


3. Ќе научите да ги сакате вашите недостатоци

Еден од најголемите предизвици со кои се соочува секоја жена е прифаќањето на своите недостатоци. Првиот ден кога ќе престанете да носите шминка ќе се чувствувате како да сте голи.

Можеби ќе ви биде малку непријатно што сите можат да ги видат вашите пеги и акни. Сепак, ќе научите да ги прифаќате вашите недостатоци и да го сакате вашето лице со сите свои маани и единствени карактеристики.


4. Ќе имате поголема самодоверба

Вистина е дека сенката за очи и маскарата нема да ви ја зголемат самодовербата и самопочитта. Фокусирајте се да се сакате себеси во природно издание. Еднаш кога ќе научите да се прифатите онака како што навистина изгледате, тогаш вашата самодоверба ќе се крене до небото.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто се појавува двојна брада (и како да се ослободите од неа без операција)? Покрај слабеењето, постојат и вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од двојн...
Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
10 митови за нега на коса кои не се секогаш точни Потстрижувањето го стимулира растењето и по секоја цена треба да избегнувате про...
9 идеи за маникир со кои сите ќе ги забележат вашите нокти Маникир со „стаклен“ ефект“, нокти со златни украси или во бисерно бела нијанса ...
Какви фризури и накит ви стојат најдобро, според формата на лицето? Ако имате лице со форма на квадрат, најдобро ќе ви стојат фризури и накит кои ќе...
Боб фризурата е хит кај ѕвездите – ја носат и нашите славни дами (фото) Сара Мејс, Селена Гомез – боб фризурата со должина до рамената е хит кај славнит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg