Што се случува со кожата ако не ја хидрирате доволно?

На вашата кожа ѝ е потребна грижа и хидратација. Ако вие сте една од оние личности кои немаат навика да се мачкаат со кремови и лосиони, тогаш имате вистински проблем.

sto-se-slucuva-so-vasata-koza-ako-ne-ja-hidratizirate-dovolno-01

Еве што се случува ако не ја хидратизирате кожата доволно:

1. По неколку дена

Нема да забележите драстични промени на кожата. Но, ќе забележите дека таа станала сува, затегната и во пепеласта нијанса затоа што почнува да губи вода. Лосионите и кремите не додаваат само влажност на кожата, туку ја задржуваат и веќе постоечката вода во кожата и ја заштитуваат од губење на истата.


2. По месец дена

Ќе започнете да забележувате одредени видови штета. На површината од кожата ѝ недостасува толку вода што веќе не може да ја врши својата примарна заштитна функција од надворешните влијанија. На кожата може да се забележат некои воспалителни процеси како црвенило и подуеност.


3. Година дена

Година дена без одговорна хидратизација на кожата ја намалува нејзината еластичност, па започнуваат да се појавуваат привремени брчки. Кожата станува опуштена, уморна и исклучително иритирана. Поголемиот дел од тие штети не може да се поправат по природен пат, туку единствено преку филери и инекции.

Затоа, не ризикувајте да ви се случи вакво нешто. Хидратизирајте ја кожата однадвор – преку кремови и лосиони, а однатре преку пиење на минимум 8 чаши вода дневно. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса - 8 идеи за деновите кога не можете да ја измиете Има денови кога мора да отидете „меѓу луѓе“, но косата ви е мрсна, а вас ве мрзи...
5 омилени трикови за шминкање на Италијанките што ја истакнуваат природната убавина Акцентирани веѓи и трепки со минимална шминка, како и BB крем наместо пудра.&nbs...
Трендови за убавина со кои ќе треба да се збогувате во 2026-та (и немојте да жалите за тоа) Ако не можете (или не сакате) да се откажете од хајлајтерот, бидете многу умерен...
Нокти кои потсетуваат на љубов - 40 идеи за маникир за Свети Валентин (фото) Денот на вљубените е совршено време за нокти со тема љубов - време е за црвени л...
Состојки што е најдобро да ги избегнувате ако имате кожа склона кон акни Никако немојте да користите кокосово масло на лицето и прескокнете ги продуктите...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...

Најчитани неделава