Еликсир од 5 есенцијални масла на Avon ја редефинира негата на кожата на лицето

Лесното масло за лице Miracle Glow од линијата Nutra Effects ја обновува и хидрира кожата, ја зацврстува и ја прави поеластична. Комбинација е на бабасово масло и на маслата од маракуја, марула, зелено кафе и ленено семе, збогатени со витамин Е.

eliksir-od-5-esencijalni-masla-na-avon-ja-redefinira-negata-na-kozata-na-liceto-2.jpg

Производите за нега на кожата сè повеќе се насочуваат кон природните состојки, а во таа линија се и најновите проекти на експертите од козметичкиот гигант AVON, кои минаа долг период во истражување за да создадат идеален еликсир за лице. Резултатот е новото регенерирачко масло за лице Miracle Glow од линијата NutraEffects кое ја обновува и хидрира кожата, ја зацврстува нејзината обвивка и ја прави поеластична. Комбинација е на бабасово масло и на маслата од маракуја, марула, зелено кафе и ленено семе збогатени со витаминот Е. Алерго тестиран и соодветен за луѓе со чувствителна кожа, а козметолозите го нарекуваат витаминска бомба за лицето. Иако маслата генерално се тешки за користење, една од најсилните предности на маслото за лице NutraEffects Miracle Glow е фактот дека брзо се впива и не ги затнува порите.

AVON во светски рамки ја редефинира негата на кожата со тоа што ги собира позитивните елементи од повеќе масла и ги вградува во еден производ. Секое од маслата е избрано со вистинска причина. Бабасовото масло е одличен стумулатор на колеганот, протеин кој ја враќа цврстината и свежината на кожата. Маслото од маракуја го поттикнува создавањето на еластинот кој е одговорен за еластичноста на кожата, додека она од марула има ублажувачки својства. Зеленото кафе го хидрира лицето, а лененото семе ја зацврстува обвивката на кожата. Сите овие компоненти, надополнети со витаминот Е, кој сам по себе е силен антиоксиданс, го прават лицето помладо и помазно.

eliksir-od-5-esencijalni-masla-na-avon-ja-redefinira-negata-na-kozata-na-liceto-3.jpg

Регенерирачкото масло за лице Nutra Effects не содржи бои и парабени, со што го прави совршен избор за луѓето кои ја преферираат природната козметика или имаат чувствителна кожа.

Маслото за лице е дел од линијата Nutra Effects која е наменета за нега на кожата и беше лансирана пред една година. На првиот роденден на NutraEffects, Avon го претставува новото регенерирачко масло кое всушност е надополнување и чекор понапред на оваа линија и има за цел да даде силно освежување на лицето и може да се употребува навечер, но и во текот на денот. Инаку, доказ за огромниот успех на линијата Nutra Effects е и фактот дека откако излезе во продажба продадени се околу 20.000 кремови за лице.

eliksir-od-5-esencijalni-masla-na-avon-ja-redefinira-negata-na-kozata-na-liceto-4.jpg

eliksir-od-5-esencijalni-masla-na-avon-ja-redefinira-negata-na-kozata-na-liceto-1.jpg

AVON е компанија која веќе 130 години гордо се залага за убавина, иновации, оптимизам и над сѐ – за жените. Производната палета на AVON ги содржи добро познатите и посакувани брендови како ANEW, Avon Color, Skin-So-Soft и Advance Techniques. Продаван преку скоро 6 милиони активни независни Претставници, производите на AVON ги воодушевуваат потрошувачите во скоро 70 земји во светот.

Информирајте се повеќе за AVON и неговите производи на www.avoncosmetics.com.mk.

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава