Како да го постигнете ефектот на „совршена кожа“ со помош на шминка?

За да не се соочувате со несоодветно нанесена пудра која се топи на високите температури и ви ја прави кожата постара и позбрчкана, време е да научите неколку трикови.

kako-da-go-postignete-efektot-na-sovrsena-koza-so-pomos-na-sminka-01.jpg

За мазна и чиста кожа следете го упатството чекор по чекор:

1. Пред да нанесете било каков производ на лицето, направете благ пилинг. Оставете водата да се исуши и впие, а вишокот исчистете го со мек пешкир.

2. За да нанесете пудра секогаш користете четки и сунѓерчиња.

3. Кога ќе завршите со нанесување на пудрата, задолжително благо истапкајте го лицето со суво марамче.

kako-da-go-postignete-efektot-na-sovrsena-koza-so-pomos-na-sminka-02.jpg

4. Нанесувајте ја пудрата со кружни движења, движејќи се од центарот на лицето па нанадвор.

5. Не нанесувајте големи кругови на пудра кои подоцна ќе ги размачкувате. Секогаш ставајте мали точки, па размачкувајте.

6. Кога е возможно, нанесувајте пудра на природно светло. Така најлесно ќе ги откриете сите недостатоци кои треба да се покријат.

7. Коректорот е задолжителен. Одберете боја која е за нијанса посветла од пудрата и нанесувајте го со топли прсти.

8. Коректорот никогаш не може да ја замени пудрата. Не го нанесувајте на цело лице, туку само на критичните делови.

9. Погрешно и правилно нанесување коректор:

kako-da-go-postignete-efektot-na-sovrsena-koza-so-pomos-na-sminka-03.jpg

10. Пудрата во прав нанесете ја на крај и тоа задолжително со широка, голема четка.

11. Држете се до овој распоред - прво челото, потоа страничниот дел од лицето, носот, брадата, па дури тогаш образите и средината на лицето.

12. За визуелно совршена, чиста кожа задолжително користете руменило или бронзер. Коралните нијанси и светло розови се идеални за светлата кожа. Темно розовата и бронзена нијанса е идеална за средно светол тен, додека сите бронзени и кафеави тонови се вистинскиот избор за темна кожа.

13. Најдобриот начин да нанесете руменило е да се насмеете.

14. Бронзерот никогаш не се нанесува на целото лице. Треба да бидете „допрени од сонцето“, не изгорени. Нанесувајте го така што ќе формирате 3-ки од страните на лицето.

kako-da-go-postignete-efektot-na-sovrsena-koza-so-pomos-na-sminka-04.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
4 грешки поради кои пудрата ви изгледа лошо и неприродно Ја нанесувате со суво сунѓерче и ја тегнете кожата кога ја размачкувате. Ја н...

Најчитани неделава