Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 совети како побрзо да израснете сјајна и густа коса

Жените трошат многу време и пари и подготвени се да пробаат секакви чуда, само за да имаат сјајна и густа, долга коса.

7-soveti-kako-pobrzo-da-izrasnete-sjajna-i-gusta-kosa-1.jpg

Многу шампони, регенератори, маски и капки ветуваат кадифено мека коса, но она што треба да го правите за да ја добиете, не се крие во хемикалиите.

7 природни начини како да израснете коса која ќе ви стане заштитен знак:

1. Здравјето на косата зависи од избаланасираната исхрана. Внесувајте високи количини на протеини. Лиснатиот зеленчук, гравот, сирењето, рибата, морските плодови и белото месо се одличен избор.

7-soveti-kako-pobrzo-da-izrasnete-sjajna-i-gusta-kosa-2.jpg


2.
Масирајте ја кожата на главата со кокосово масло.
Така ја подобрувате циркулацијата, а скалпот ќе биде здрав. Бидејќи маслото содржи многу витамини и хранливи материи и е природен регенератор за коса, влакната ќе бидат многу поцврсти и поздрави.

7-soveti-kako-pobrzo-da-izrasnete-sjajna-i-gusta-kosa-3.jpg


3.
Не ја четкајте косата често.
Најголема заблуда е дека постојаното чешлање е корисно. Посебно ако тоа го правите додека влакната се мокри, само си ја уништувате косата. Не треба да се чешлате повеќе од 5-10 минути во текот на целиот ден.

7-soveti-kako-pobrzo-da-izrasnete-sjajna-i-gusta-kosa-4.jpg


4.
Променете ги перниците на кои спиете.
Перниците од пердуви заменете ги со сатенски или свилени. Така го избегнувате триењето на косата од подлогата и го намалувате оштетувањето.

7-soveti-kako-pobrzo-da-izrasnete-sjajna-i-gusta-kosa-5.jpg


5.
Користете природни маски наместо купечки.
Доволно е еднаш во неделата да потрошите 10 минути време и да подготвите некоја природна маска од храната која веќе ја имате дома.

7-soveti-kako-pobrzo-da-izrasnete-sjajna-i-gusta-kosa-6.jpg


6.
Кога надвор е топло или многу студено, носете капи и шешири.
Ќе се изненадите колку косата ќе биде поздрава ако ја заштитите од сонце, ветар и прашини.

7-soveti-kako-pobrzo-da-izrasnete-sjajna-i-gusta-kosa-7.jpg


7.
Не ја мотајте косата во пешкир после бањање.
Знаеме дека така е најлесно и најудобно, но ако ја извиткате косата додека е мокра, таа станува склона на кршење и пукање. Доволни се само неколку благи движења со пешкирот за да ја отстраните вишокот вода.

7-soveti-kako-pobrzo-da-izrasnete-sjajna-i-gusta-kosa-8.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 мажи чиј лик потполно се смени со новата фризура (фото) Едни пуштаат коса, други ја бричат главата бидејќи почнале да ќелават, а трети с...
12 дами кои покажаа дека се убави и со седа коса (и не се срамат од белите влакна) „Имам 34 години и веќе 18 месеци ја растам седата коса - никогаш не сум имала по...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
Боја на коса која ќе биде хит во 2025 – за дамите кои сакаат луксузен и богат изглед Впечатлива и богата, а истовремено топла и пријатна чоколадна нијанса е бојата к...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
10 фризури за дотерување за девојки со долга коса Високо кренато опавче со крупни кадрици, волуменозни кадрици - кои фризури ќе би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg