Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Не користите масло за брада: 5 грешки при негување на брадата кои ги прави секој маж

Брадата е заштитен знак на голем број мажи. Таа е важен дел од целосниот изглед и затоа бара добра грижа и нега. Но, голем дел мажи прават големи грешки кога станува збор за брадата.

ne-koristite-maslo-za-brada-5-greshki-za-neguvanje-na-bradata-koi-gi-pravi-sekoj-mazh-001.jpg

Ова се само дел од нив:

1. Ја оставивте премногу да порасне

Разбираме дека сакате да постигнете стил на ламберсексуалец, но тоа не значи да се запуштите и да оддавате впечаток на неуреден маж. Грубите и непослушните влакненца можат да подраснат во кожата од лицето, а тоа може да предизвика бројни иритации и црвенило.

Доколку се пронајдовте, не заборавајте дека одвреме-навреме треба да ја скратите и обликувате вашата брада. Повремено правете и пилинг на лицето за да ги отстраните вишокот маснотии и изумрените клетки.


2. Не користите масло за брада

Мажите кои ја негуваат својата брада задолжително користат масло бидејќи во спротивно ќе имаат проблеми со суви и крути влакна, а може да дојде и до иритација на кожата. Најдобро масло е она на база на арган – тоа ќе помогне вашите влакна да го задржат својот природен сјај и боја.


3. Прерано користите масло за брада

Немојте да користите масло додека брадата не ви порасне неколку сантиметри, затоа што на тој начин кожата ќе стане премногу мрсна. Додека не ви порасне брадата, доволно е да користите само крема и пилинг.


4. Не знаете кога да престанете со бричење

Убаво обликуваната брада е еден од најважните фактори кај секој негуван маж. Мора да водите сметка за линијата на брата по образите т.е. да не биде премногу далеку, ни премногу блиску до јаболкниците.

Колку повеќе лицето ви е прекриено со влакна, толку по дефиниција брадата е подобра и естетски поубава. Кога ја обликувате брадата на вратот, треба да ја следите линијата на вилицата.


5. Не го одржувате својот прибор

Топлата кожа под свежо избричена брада станува рај за бактерии. Затоа е важно секогаш и на вистински начин да го одржувате и стерилизирате вашиот прибор за бричење.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки во шминкањето поради кои изгледате постаро Не нанесувате прајмер пред пудрата и користите сенка со светки која ги истакнува...
Маја Глигоровска за стилот и убавината: „Купувам облека во странство, а не тргам на пат без мојата б... „Избирам да се хранам здраво, а и кога ќе си дозволам да излезам надвор од рутин...
12 дами кои покажаа дека се убави и со седа коса (и не се срамат од белите влакна) „Имам 34 години и веќе 18 месеци ја растам седата коса - никогаш не сум имала по...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg