Трикови за разубавување кои треба да ги практикувате додека сте на одмор

Ситниот песок, лежалката, солта, каменот, сонцето или ладовината - работи кои едвај чекаме да ги доживееме во летните денови.

trikovi-za-razubavuvanje-koi-treba-da-gi-praktikuvate-dodeka-ste-na-odmor-01.jpg

Некои од нас имаат на располагање околу 7 дена за уживање, а оние повозрасните и поискусните и до 3 недели.

Тоа се оние моменти кога одите да ги одморите душата и телото од секојдневната околна, работата и да се препуштите само на себе и сопствените мисли на некоја нова туристичка локација.

Во тој период најдобро е да изгледате потполно природно и лежерно. Сепак, за тоа служи одморот...

Сол во косата

Покрај тоа што ќе ви договара да ја врзете косата и да ја тргнете од лицето и вратот во текот на денот, така можете да добиете и идеална фризура за вечерните часови.

Кога ќе излезете од морската вода лесно процедете ја водата од вашата коса, дозволете малку да се исуши на воздух, а пота заврзете ја во реп на врвот од темето.

Пота направете мала пунџа со дополнителен ластик.

Дозволете косата така да се исуши и потоа извадете ги двата ластика. Ќе добиете брановидна коса готова за излагање, без да додавате дополнителни хемикалии на неа.

Пријатен мирис

Не претерувајте со силни ориентални мириси.

Во текот на летото повеќе се потиме,а и кожата лачи вишок маснотии, па со тоа треба да го промените и тонот на парфемот кој го користите.

Прснете малку цитрусен парфем во воздухот и поминете преку тој мирисен облак. Сосема доволно.

На крај

Поголемиот дел од луѓето ставаат неопходни „after sun“ производи кога ќе се искапат после плажа и мислат дека тоа е доволно.

Сепак, тоа е само половина работа.

Најдобро е пред да заспиете уште еднаш да ги намачкате со хидратантна крема  критичните точки каде најмногу горите, за кожата да остане здрава и затегната.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава