Како да нанесете шминка кога надвор е топло, без да се растече?
Топлите денови очигледно ќе потраат, што е огромен предизвик за жените кои секојдневно се шминкаат.
Како истовремено да бидете средени на работното место, без да чувствувате дека имате маска на лицето?
Следете ги овие совети.
1. Користете крема а лице која не е на база на масло.
2. Задолжително користете подлога под пудрата. Така ќе го избегнете нејзиното растекување.
3. Не нанесувајте шминка со прстите. Користете четки и сунѓерчиња. Така ќе нанесете потенок слој и ќе го избегнете дополнителното загревање на лицето.
-->
-->
4. Најголемата грешка која жените ја прават во лето - нанесуваат иста количина на шминка како во зима. Кога е топло сосема ви се доволни пудра, коректор, маскара и кармин во природна боја.
-->
5. Избегнувајте силни бои. Тие изгледаат тешко. Задржете се до пастелните тонови.
6. Користете течни сенки, наместо камени.
7. Истото важи и за руменилото. Секогаш е подобро да одберете кремасто руменило во лето.
8. Што се однесува до пудрата, не користете камена. Заменете ја со пудра во прав која лесно се размачкува и нанесува.
9. Избегнувајте моливчиња за очи и маскари кои содржат восок.
10. Усните нека останат суви и светли. Тешките кармини се тешки за корекција и дополнително ви создаваат топлина. Доволен ви е само еден слој сјај или балзам за усни.
М. Д. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето?
„Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...

5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето
Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...

Славни дами над 50 години, кои изгледаат одлично и со шминка и без шминка
Салма Хајек има 57 години, а за многумина таа е поубава со чисто, природно лице,...

Трикови со кои шминката ќе ви изгледа совршено и на многу топло време
Наместо течна пудра, користете BB крем или пудра во прав и нанесувајте водоотпор...

Маја Глигоровска за стилот и убавината: „Купувам облека во странство, а не тргам на пат без мојата б...
„Избирам да се хранам здраво, а и кога ќе си дозволам да излезам надвор од рутин...

Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите?
Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...