Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Трикови со кои вашата коса ќе изгледа многу погусто

Понекогаш сите сме во брзање и немаме време за средување на косата, па едноставно мораме да се послужиме со некој трик кој нe одзема многу време.

Trikovi-so-koi-vasata-kosa-kje-izgleda-mnogu-pogusto-i-poubavo-01_1.jpg

Следните трикови можете да ги искористите секогаш кога ќе сакате да имате погуста коса која ќе биде средена за само неколку минути.

1. Искористете пена за коса

Ставете пена за коса во количина еднаква на киндер јајце и убаво нанесете ја на косата, од коренот кон врвовите, пред да ја исушите косата со фен.

trikovi-so-koi-vasata-kosa-kje-izgleda-mnogu-pogusto-02.jpg

2. Расчешлајте ја косата со прсти наместо со фен

Кога ја сушите косата наместо веднаш да земете четка или чешел искористете ги прстите и внимателно поминувајте низ косата за таа да се расплетка. Подигнувањето на косата од скалпот со прстите ќе ви помогне таа да има многу поголем волумен.

trikovi-so-koi-vasata-kosa-kje-izgleda-mnogu-pogusto-03.jpg

3. Променете го патецот

Ако најчесто правите патец на средината, сега направете го од левата или десната страна и веднаш ќе добиете одличен ефект на густа и подигната коса.

trikovi-so-koi-vasata-kosa-kje-izgleda-mnogu-pogusto-04.jpg

4. Ставете регенератор пред шампонот за поубава текстура на косата

Регенераторот е одличен бидејќи ги измазнува врвовите и ги прави неверојатно меки. Но за тие чија коса е премногу мека тоа може да биде проблем. Токму затоа, измијте ја косата по обратен распоред, прво регенератор, па шампон и веднаш ќе забележите огромна разлика во вашата текстура.

trikovi-so-koi-vasata-kosa-kje-izgleda-mnogu-pogusto-05.jpg

5. Додадете шнола во опавчето за тоа да изгледа погусто

Поделете го опавчето на пола и во делот каде тоа е врзано ставете шнола врз која ќе ја спуштите другата половина.

trikovi-so-koi-vasata-kosa-kje-izgleda-mnogu-pogusto-06.jpg

6. Истапирајте ја косата и испрскајте лак

Тапирањето на косата е трикот со кој се служат сите  врвни стилисти кога е во прашање подигнувањето на косата. Поделете ја целата коса на помали делчиња и секое делче посебно истапирајте го по што ќе го испрскате со лак.

trikovi-so-koi-vasata-kosa-kje-izgleda-mnogu-pogusto-07.jpg

7. Свиткајте ја косата во мали пунџи преку ноќ

Доколку ја свиткате косата во мали пунџи и така ја оставите во текот на ноќта, следното утро ќе имате виткана косa со многу поголем волумен од тоа што сте мислеле дека може да постигнете.

trikovi-so-koi-vasata-kosa-kje-izgleda-mnogu-pogusto-08.jpg

8. Користете сув шампон и кога косата ви е чиста

Сувиот шампон и покрај тоа што е одличен за мрсната коса, може да ви биде од голема корист доколку сакате да имате поизразена структура, дури и кога косата ви е совршено чиста. Трикот е да го распрскате пред и по стилизирањето по должина на целата коса, но сепак внимавајте да не претерате и да добиете коса полна „прашина“.

trikovi-so-koi-vasata-kosa-kje-izgleda-mnogu-pogusto-09.jpg

9. Користете ги очилата за сонце како венче за косата сама да ви се исуши

Зафрлете го наназад предниот дел од косата додека таа е сè уште влажна и ставете ги очилата за сонце како венче, така што ќе ги вратите малку нанапред. Оставете ги така додека косата целосно не ви се исуши и веднаш ќе видите дека сте добиле поголем волумен.

trikovi-so-koi-vasata-kosa-kje-izgleda-mnogu-pogusto-10.jpg

10. Сушете ја косата со наведната глава

Откако ќе завршите со сушењето и стилизирањето на вашата коса, наведнете ја главата надолу и сушете уште некое време. Кренете ја главата и исчешлајте ги неуредните делови со прстите.

trikovi-so-koi-vasata-kosa-kje-izgleda-mnogu-pogusto-11.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 дами кои покажаа дека се убави и со седа коса (и не се срамат од белите влакна) „Имам 34 години и веќе 18 месеци ја растам седата коса - никогаш не сум имала по...
15 мажи чиј лик потполно се смени со новата фризура (фото) Едни пуштаат коса, други ја бричат главата бидејќи почнале да ќелават, а трети с...
Боја на коса која ќе биде хит во 2025 – за дамите кои сакаат луксузен и богат изглед Впечатлива и богата, а истовремено топла и пријатна чоколадна нијанса е бојата к...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
10 фризури за дотерување за девојки со долга коса Високо кренато опавче со крупни кадрици, волуменозни кадрици - кои фризури ќе би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg