„Заборавете на млечните производи“ - Бодибилдер открива како да се ослободите од акните

Брајан Тарнер решил да ни открие како успеал да се ослободи од непријатните акни.

zaboravete-na-mlecnite-proizvodi-bodibilder-otkriva-kako-da-se-oslobodite-od-aknite-01.jpg

23-годишниот бодибилдер решил да стане веган откако го пробал секое друго можно решение за акните кои го мачат уште од пубертетот.

Тој гарантира дека ако ги отстраните млечните производи од исхраната, пиете 3 до 4 литри вода на ден и јадете најмалку 10 до 16 порции зеленчук, можете да се ослободите од акните.

zaboravete-na-mlecnite-proizvodi-bodibilder-otkriva-kako-da-se-oslobodite-od-aknite-1.jpg

Во видеото на Инстаграм кое го објавил за неговите 70.000 следбеници, Тарнер ги открива тајните за чисто лице.

„Порано имав ужасни акни насекаде на лицето, посебно нодуларни акни - 4, 5 или 6 такви акни на моето лице, секој ден од мојот живот“ - вели тој.

„Конечно, успеав да се ослободам од нив.“

zaboravete-na-mlecnite-proizvodi-bodibilder-otkriva-kako-da-se-oslobodite-od-aknite3_copy.jpg

„Нема да ве лажам, пробав да ги лечам 70 недели со Роакутан, но проблемот се врати веднаш откако престанав да го пијам лекот“ - објаснува Тарнер.

„Пробав уште многу други можни решенија и на крајот решив да станам веган“ - додава.

zaboravete-na-mlecnite-proizvodi-bodibilder-otkriva-kako-da-se-oslobodite-od-aknite-4.jpg

„Тоа значи дека нема консумирање на никакви производи од животинско потекло, но и пиење на многу поголеми количини на вода“ - продолжува.

„Покрај 3-те до 4 литри вода на ден, важно е да јадете и 10 до 16 порции на зеленчук во текот на денот, а со тоа ви гарантирам дека ќе се ослободите од акните“ - заклучува младиот бодибилдер.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...

Најчитани неделава