Како да го спречите опаѓањето на косата?

Опаѓањето на косата е проблем со кој се соочуваат многу луѓе, без оглед на возраста во која се наоѓаат.

Kako-da-go-sprecite-opagjanjeto-na-kosata-01

Недостатокот на витамини, стресот, разните третмани на кои се подложува косата, но и неквалитетните козметички производи – сето тоа на крајот може да доведе до губење на косата.

Проретчувањето на косата не е само физички недостаток, туку често може да биде знак на психолошко нарушување и стрес.

Нормалното опаѓање на косата најчесто е позначително во есен кога косата се обновува.

Сепак ако забележите дека косата значително ви опаѓа, овој едноставен рецепт може да ви помогне да го решите овој проблем.

Состојки:

  • 3 лажици цветови од камилица
  • 3 лажици иситнет лаворов лист
  • 100 ml вода

Прелијте ги цветовите камилица и лаворовите листови со врела вода. Поклопете го садот и оставете да отстои околу 3 часа, по што ќе го процедите.

Добиената течност темелно втријте ја во корените додека косата ви е сè уште влажна. По нанесувањето на течноста во никој случај не треба повторно да ја плакнете косата.

Повторувајте ја постапката 2-3 пати неделно, односно секогаш кога ќе ја измиете косата.

За целосно опоравување и престанување на опаѓањето ви се потребни околу 25-30 третмани.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
6 грешки поради кои косата ви е сува како слама по фарбање Ја миете многу често, си легнувате со мокра коса и не користите соодветни продук...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...

Најчитани неделава