Сè за црната маска - дали делува, дали лупењето боли, колку чини...

Досега сигурно сте изгледале барем едно видео или една реклама за црната маска која последниве неколку месеци направи бум во светот на убавината.

se-za-crnata-maska-dali-deluva-dali-lupenjeto-boli-kolku-cini-001.jpg

Црната маска која се лупи, оригинално е од неколку брендови од Азија, но веќе сите козметички брендови се фокусираат на нејзино произведување. Што значи, лесна е за наоѓање.

Тајната е во тоа што црната маска е како лепак и буквално се лепи за критичните делови каде што имате црнки, а кога ќе се исуши заедно со неа ги вадите сите маснотии, мртви клетки и црнки од порите.

se-za-crnata-maska-dali-deluva-dali-lupenjeto-boli-kolku-cini-8.jpg

Дали е делотворна?

Поголем дел од луѓето кои ја пробале велат дека има видлив ефект.

Активниот јаглен е главната состојка на оваа маска, а бидејќи е познат како состојка која ги апсорбира сите отрови, не е ни чудо што маската е делотворна.

se-za-crnata-maska-dali-deluva-dali-lupenjeto-boli-kolku-cini-2_copy.jpg

Одличен третман ако имате црнки на брадата, носот и Т-зоната.

se-za-crnata-maska-dali-deluva-dali-lupenjeto-boli-kolku-cini-6.jpg

Добрата страна на црната маска:

Лесна е за употреба, бидејќи ви требаат само 15 до 30 минути за да ги исчистите проблематичните делови. Не треба да правите ништо посебно, само да чекате да се исуши и да ја излупите.

Затегнувањето на кожата под црната маска не е непријатно.

Ако со години се борите со масна кожа, затворени пори и црнки, дефинитивно помага уште после првиот третман. Ефектите се многу повидливи отколку со другите обични маски кои се измиваат.

se-za-crnata-maska-dali-deluva-dali-lupenjeto-boli-kolku-cini-1.jpg

Лошата страна на црната маска:

Како што и претпоставувавте, звучи премногу добро за да биде реално.

Маската е неверојатно болна за отстранување. Затоа не се препорачува на луѓе со чувствителна кожа.

Очекувајте благо црвенило по нејзиното отстранување и мала болка.

se-za-crnata-maska-dali-deluva-dali-lupenjeto-boli-kolku-cini-3.jpg

Цени и достапност:

Црната маска ја има во мали кесички со ниски цени (околу 60 денари) и се идеални ако за првпат ја користите.

Доколку ви одговара, можете да ја порачате онлајн, каде цените се разновидни - од 200 денари на Amazon и AliЕxpress, па сè до Фесјбук групи и онлајн козметички продавници каде цената достига до 1.000 денари.

Неколку видеа од луѓето кои веќе ја пробале оваа маска:

Какво е вашето мислење околу оваа маска? Сте ја пробале? Споделете искуства...

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...

Најчитани неделава