8 тајни од шминкерот кој Мерилин Монро ја претворил од обична девојка во стилска икона

Алан „Вајти“ Снајдер - личниот шминкер, стилист и близок пријател на Мерилин Монро, човекот кој е одговорен за нејзината трансформација од секојдневна девојка во стилска икона, ги открил своите тајни за шминкање.

8-tajni-za-shminkanje-od-shminkerot-na-merilin-monro-01.jpg

Според него морате да внимавате на неколку работи кога се шминкате, ако сакате да се претворите во вистинска стилска икона, баш како Мерилин Монро:

1. Влажен изглед на очите

Овој изглед се смета за најдобро изразување на сексапилот, а се постигнува со сенки со металик текстура. Алан комбинирал и вазелин со кокосово масло.

8-tajni-za-shminkanje-od-shminkerot-na-merilin-monro-1.jpg

2. Вазелин под пудрата

Пред да нанесе пудра, Алан секогаш нанесувал вазелин кој добро ја хидрира кожата и ѝ дава свеж изглед. Плус, пудрата подобро и порамномерно се нанесува на кожата.

3. За волумен на усните

Во ерата кога сè уште секојдневно не се употребувале филери за усни, тој користел мал, но генијален трик. Употребувал различни сенки - контурите на усните ги исцртувал со чоколадни нијанси, темно црвен кармин од периферијата кон центарот и во центарот светло црвена боја. Потоа сите ги мешал заедно.

4. Ајлајнер

Тој секогаш комбинирал неколку нијанси на ајлајнер - најчесто со црни и кафеави нијанси. Еден долен ред црн ајлајнер, горен кафеав ред најчесто исцртан во точки.

8-tajni-za-shminkanje-od-shminkerot-na-merilin-monro-2_copy.jpg

5. Тајната на белите сенки

Белата сенка на долниот капак на очите на пример, видливо ги зголемува очите и дава посекси изглед.

6. Визуелно намалување на носот

Мерилин Монро поголемиот нос визуелно го намалувала со шминка. Од страните додавале малку потемна нијанса на кемена пудра, а долу на врвот на носот малку розово руменило.

7. Трепки

Алан изгледот на Мерилин секогаш го надополнувал со вештачки трепки, но само на крајот за да се постигне ефектот на издолжени трепки.

8-tajni-za-shminkanje-od-shminkerot-na-merilin-monro-3.jpg

8. Облик на веѓите

Веќе знаете, обликот на веѓите драстично може да го измени целокупниот изглед на лицето. Веѓите на Мерилин, Алан ги правел така да се издигнуваат кон надворешниот крај на очите и брзо да се спуштаат. Практично, да изгледаат како да формираат облик на триаголник.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
10 ситници во изгледот што жените ги занемаруваат и им даваат неуреден изглед Вчерашна фризура, испукани усни и торба за пазарење наместо чанта – некои ситниц...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
5 совети како да ги нашминкате ситните очи (за да ги зголемите визуелно) Тенка линија со тушот, светла сенка или коректор на внатрешната страна на окото ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg