Домашен пилинг од сол и шеќер за да се ослободите од стриите и целулитот

Пилингот е козметичко средство во чија основа се наоѓаат абразивни елементи.

Domasen-piling-od-sol-i-sekjer-koj-kje-vi-pomogne-da-se-oslobodite-od-striite-i-celulitot-01_copy.jpg

Пилингот главно се користи за отстранување на нечистотиите и мртвите клетки од кожата, по што таа станува мека и нежна.

Покрај тоа, пилингот помага за подобра циркулација на кожата и за подмладување на клетките.

Домашните пилинзи се одличен начин како на сосема здрав начин да се ослободите од целулитот и стриите, проблем со кој се соочуваат голем број жени низ светот.

Овој домашен пилинг од шеќер и сол е одличен доколку и вие го имате истиот проблем.

Состојки:

  • 200 g сол
  • 200 g шеќер
  • 150-200 ml палмино масло (може да се замени и со маслиново, кокосово или кое било друго растително масло)

Пожелно е да користите морска сол, бидејќи е збогатена со јод и микролементи, кои придонесуваат за обнова на кожата.

Измешајте ги шеќерот, солта и маслото за да добиете густа смеса.

Користете го пилингот за време на туширање, втривајќи го на проблематичните места на кожата со кружни движење, околу 2-3 минути. Потоа исплакнете со топла вода.

По оваа постапка, на телото се нанесува хидратантна крема или лосион.

Со редовно користење на овој пилинг, за само еден месец ќе забележите дека стриите и целулитот стануваат сè понезабележливи. Секако, продолжете со третманот сè додека не ги добиете посакуваните резултати. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава