Шест миризливи предлози за совршен новогодишен подарок

Новогодишните и божиќните празници се совршен период да им покажете на најблиските колку ги сакате и почитувате, а најдобар начин да го сторите тоа е со соодветен подарок. Изборот е широк, но козметичката компанијата Avon издвојува листа на шест сетови од нивната палета кои биле најпродавани во 2016. година и воедно пријатно ќе ги изненадат и најпребирливите. Во комплетите доминантни се опојните мириси, но збогатени се и со различни типови на декоративна шминка и козметика. 

shest-mirizlivi-predlozi-za-sovrsen-novogodisen-podarok-001.jpg

Компанијата на крајот на септември го претстави ексклузивниот парфем Avon Life креиран од светски познатиот дизајнер Кензо Такада.

shest-mirizlivi-predlozi-za-sovrsen-novogodisen-podarok-3.jpg

Тој создаде машка и женска варијанта под мотото „Живеј прекрасен живот“, а главна состојка е темјанушката. Се работи за цвет кој е ценет поради неговите ливчиња кои се дестилираат во софистицирано парфимирано масло. На листата на најпродавани е и ексклузивниот сет Luxe кој содржи маскара, парфем и мини – спреј. Маскарата дава гламурозен изглед, а четкичката се приспособува за совршена дефиниција и интензитет на трепките од коренот до врвовите. Парфемот и мини – спрејот се микс на раскошните магнолија, опоен јасмин и луксузната гарденија. 

shest-mirizlivi-predlozi-za-sovrsen-novogodisen-podarok-7.jpg

Меѓу најбараните производи од македонските потрошувачи е и комплетот Attraction за мажи и за жени. Во машкиот сет се наоѓаат тоалетна вода, шампон и гел за туширање и балсам за после бричење додека женскиот е составен од лосион за тело, парфем и мини – спреј. Главната компонента на овие сетови е магнетниот мошус кој ги прави неодоливи и ги издвојува од останатите.

shest-mirizlivi-predlozi-za-sovrsen-novogodisen-podarok-1.jpg

shest-mirizlivi-predlozi-za-sovrsen-novogodisen-podarok-2.jpg

Во сетот Today наменет само за припадничките на понежниот пол има парфем и гел за туширање, а машкото „пакетче“ содржи мирис, балсам за после бричење и гел за туширање кои се микс на коријандер, дива жалфија и рус антилоп.

Avon на жените им го нуди и комплетот Dreams во кој има парфем, путер за тело и спреј кои се креирани на база на водна слива, роза центифолија и дрвени ноти. Идеален подарок за саканата е и Avon Cherish со парфем, лосион за тело и гел за туширање и во кои има екстракти од црешов цвет, скапоцениот мошус и кремасто сандалово дрво.  

shest-mirizlivi-predlozi-za-sovrsen-novogodisen-podarok-5.jpg

shest-mirizlivi-predlozi-za-sovrsen-novogodisen-podarok-4.jpg

Повеќе информации за производите на Avon може да се најдат на веб-страницата на компанијата.

Би можело да ве интересира:

Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...
5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совр...
Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирис...
Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Хејли Бибер ја покажа новата фризура – тренд што ќе доминира во 2026-та Фризерката на Хејли Бибер објави фотка од нејзината потстрижена коса, а со тоа т...

Најчитани неделава