Eucerin AtopiControl – колекција за нега на сува и раздразнета кожа

Сувата  кожа е проблем што го имаат многумина.  Кај дел од луѓето се појавува и атопичен дерматитис кој се манифестира како црвенило и воспаление на кожата.Се проценува дека околу 15 до 20 проценти од населението е склоно кон развивање на ваквата состојба  на кожата. Тоа е последица како на надворешни (егзогени), така и на внатрешни (ендогени) фактори. Уште полошо  е што ваквата појава делува негативно на психата,а луѓето со атопичен дерматитис се чувствуваат непривлечни и се затвораат во себе.

eucerin-atopicontrol-kolekcija-za-nega-na-suva-i-razdrazneta-koza-01.jpg

Сувата и раздразнета кожа налага специфична нега и хигиена, децидни се стручњаците.  При секојдневното чистење и нега на ваквата кожа, според дерматолзоите,  од особена важност е постигнувањето на нејзина оптимална рехидратација и поттикнувањето на регенеративниот процес на нарушената липидна кожна бариера. Токму затоа, сувата и воспалена кожа треба да се измиваат само кога е потребно, а на лицата со ваква кожа им се препорачува да внимаваат при туширањето и да внимаваат во употребата на најразлични козметички производи кои уште повеќе ја влошуваат состојбата со кожата.

eucerin-atopicontrol-kolekcija-za-nega-na-suva-i-razdrazneta-koza-1.jpg

Eucerin AtopiControl колекцијата се состои од внимателно одбрани козметички производи кои се грижат за сувата и чувствителна кожа, како и за атопичната кожа во текот на неактивните фази, и кога се појавуваат црвенила. За секој од овие производи е клинички и дерматолошки докажано дека помага при намалување на сувоста на кожата и развојот на воспалението, истовремено ублажувајќи го чешањето.

Основните лосиони и креми за тело содржат комбинација од омега- 6 масни киселини и ликофалкон А, анти бактериски деканедиол и Menthoxypropanediol, кои помагаат за пополнување на кожата , ја обновуваат нејзината природна бариера, правејќи ја повеќе еластична. Истовремено Eucerin AtopiControl интензивно ја хидрира кожата, помага да се намали грубоста, оптегнатоста на кожата и чешањето, симптоми поврзани со атопичната кожа.

eucerin-atopicontrol-kolekcija-za-nega-na-suva-i-razdrazneta-koza-2.jpg

Производите за активна нега ја вклучуваат и Eucerin AtopiControl кремата за Акутна нега. Нејзините сосотојки значително помагаат да се подобри  изгледот на кожата за време на фазите на воспаленија и да се намали времетраењето на терапијата со хидрокортизонот за време на воспаленија. Eucerin AtopiControl кремот за акутна нега не е фармацевтски производ и не е замислен да да замени некој друг производ. Oвие производи се компатибилни со атопичната кожа.

Производите Eucerin AtopiControl не содржат бои и  парфеми, кои дополнително ја дразнат кожата.

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...
Долга коса, светки на кожа – 10 трендови за убавина од Мет гала 2026 кои ќе доминираат насекаде Екстремно долгите коси се враќаат во мода, но и лабаво фатените опавчиња наместо...

Најчитани неделава