Домашни, евтини маски за секој проблем со кожата

Како што поминува времето, така на лицето му е потребна сè поголема нега.

ednostavni-maski-za-lice-na-prirodna-baza

Иако секојдневно гледаме реклами со скапи хемиски производи за лице, сепак, грижата за лицето е најправилно да се одвива по природен пат.

Сите работи кои ни се потребни, се достапни, економични и веќе ги имаме во кујната.

Пробајте некоја од овие маски и согледајте ги одличните резултати за кратко време:

1. Маска за затегнато и цврсто лице

Кафе и мед - Помешајте една лажичка мелено кафе со една лажичка мед. Смесата нанесете ја на лицето и оставете да отстои 20 минути. Измијте го лицето со ладна вода и повторувајте ја постапката трипати неделно.

2. Маска за ослободување од мртвите клетки

Мед и лимон - Една лажичка мед помешана со малку лимон ќе направи чудо за вашето лице. Нанесете ја смесата и откако ке делува 20 минути измијте триејќи со млака вода. Постапката повторувајте ја еднаш неделно.

3. Маска за кожа со сјај

Јогурт и лимон - Овој спој на природни состојки ќе го врати сјајот на вашето лице. Измешајте по една лажичка од јогуртот и лимонот и тријте полека 5 минути. Измијте се со ладна вода и повторувајте ја постапката двапати неделно.

4. Маска за кожа без акни

Мед и цимет – Циметот е познат по неговото антибактериско дејство. Помешан со малку мед ќе ви помогне да се ослободите за многу брзо време. Смесата нека отстои 30 минути и потоа измијте се со ладна вода. Повторувајте ја постапката двапати неделно.

6. Маска која помага во процесот на стареење

Јајце и алое вера – Маслото алое вера, како едно од најблаготворните за нашата кожа ќе ви помогне да ги спречите ситните и нови бори за многу кратко време. Помешајте три лажички масло од  алое вера со едно јајце и оставете ја смесата да делува 30 минути. Повторувајте ја постапката двапати неделно.

И. И. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...

Најчитани неделава