Причини кои предизвикуваат кршливост на косата, а може да ги избегнете

Ако низ Вашата коса често забележувате испукани врвови и покрај редовното потстрижување, време е да размислите дали добро ја третирате и дали ѝ ја давате потребната нега.

Prichini-koi-predizvikuvaa-krshlivost-na-kosata-a-moze-da-gi-izbegnete-1.jpg

Секој има дневни навики и ритуали поврзани со негата на косата, но неретко се случува да нема доволно време за правилно одржување во добра состојба.

Еве ги причините кои може да предизвикаат кршливост на косата и треба да ги избегнувате:

1. Користите четки и чешли од лоша пластика

Избегнете ги пластичните четки и чешли. Заменете ги со оние кои се направени од квалитетни материјали за да и обезбедат подобра нега на косата. Четките со добри влакна обезбедуваат и фино распоредување на природните масла по косата и намалено губење на здрави влакна.

2. Ја сушите косата со крпа по миењето

Заборавете на таа навика! Долгото триење на косата со пешкир кога е мокра, лошо влијае на косата и ја прави поподложна на кршење.

3. Секогаш ја сушите косата со фен со топол водух

Оставете ја косата да се суши природно, фенот прилагодете го да дува со поладна температура и држете го на што е можно поголемо растојание од косата.

4. Спиете на перница со несоодветна навлака

При спиењето постојано се превртуваме и косата е изложено на дополнително триење. Затоа користете навлаки на перницата од свила или сатен.

5. Користите гумени ластичиња за прицврстување на коњското опавче

Гумените ластичиња ја држат цврсто фризурата со опавче или пунџа, но честата употреба негативно се одразува на влакната. Заменете ги со понежни еластични ластичиња од ткаенина.

E. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 грешки поради кои косата ви е сува како слама по фарбање Ја миете многу често, си легнувате со мокра коса и не користите соодветни продук...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....

Најчитани неделава