Зошто не смее да користите лимон во третмани за убавина?

Лимонот е единственото овошје кое треба да го избегнувате во дневните ритуали за убaвина.

zoshto-ne-smee-da-koristite-limon-vo-tretmani-za-ubavina1_copy_copy.jpg

Пилинг и маски за тело, маски за коса, разубавување на ноктите и лицето... Малите „направи сам“ проекти ги обожуваме, па сакаме и самите да си ги направиме дома, уживајќи во природните третмани за убавина. Сепак, научниците предупредуваат: избегнувајте да користите лимон!

zoshto-ne-smee-da-koristite-limon-vo-tretmani-za-ubavina2_copy.jpg

Многу жени го користат сокот од ова цитрусно овошје, за да ја осветлат косата, но и за третирање на хиперпигментацијата на кожата, односно дамките и пегите кои се јавуваат по рацете и лицето. Некогаш, користењето на лимонот оди толку далеку, што и во бањата се користи како дел од хемискиот пилинг, што во голема мера го нарушува квалитетот на кожата и нејзиното здравје.

zoshto-ne-smee-da-koristite-limon-vo-tretmani-za-ubavina3_copy.jpg

Зошто не би требало да го користите? За жал, постојат неколку лоши страни на лимонот, поради кои би требало да го избегнувате во ритуалите за убавина, и тоа:

1. Лимоновиот сок има исклучително ниска pH вредност, а неговото прекумерно користење ја иритира кожата, која станува сè поцрвена, доведувајќи до појава на сериозниот проблем наречен фитофотодерматитис. Тој се карактеризира со болно црвенило и појава на пликови, а проследени се со постојан јадеж и чувство на жарење на иритираните делови на кожата.

zoshto-ne-smee-da-koristite-limon-vo-tretmani-za-ubavina4_copy.jpg

2. Лимонот содржи во себе фотосензитивни супстанции кои реагираат при изложеноста на сонце, правејќи ја кожата особено чувствителна на UV зраците. Воедно, ова доведува до хиперпигментација, што е иронично, со оглед на тоа дека лимонот се користи за избледување на хиперпигментациските дамки.

3. Последната точка е врзана за косата. Мошне често, лимонот се користи за осветлување на косата или прамените. Се меша со вода, па течноста се нанесува на врвовите или на целата коса, за да се добие природен ефект и избегне третирањето со фарби или други козметички производи. Но, немојте да го правите тоа!  Имено, лимонот  ја слабее косата, по што таа станува полесно кршлива и безживотна.

zoshto-ne-smee-da-koristite-limon-vo-tretmani-za-ubavina5_copy.jpg

Според тоа, за борба против хиперпигментацијата и за најдобри прамени во косата, сепак немојте да користите „направи сам“ продукти, приготвени на база на лимон во домашната кујна, туку попрво вложете пари во квалитетни препарати за нега на кожата и косата.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
6 грешки поради кои косата ви е сува како слама по фарбање Ја миете многу често, си легнувате со мокра коса и не користите соодветни продук...

Најчитани неделава