5 грешки поради кои подочниците ви изгледаат уште полошо

Еднаш засекогаш, кажете им „збогум“ на непосакуваните темни кругови и вреќички под очите.

5-greshki-poradi-koi-podochnicite-vi-izgledaat-ushte-polosho-1.jpg

Појавата на темни подочници или кругови под очите е резултат на многу различни фактори. Погрешната крема и коректорот се само некои од нив, а за недостатокот на сон, лошата исхрана и витамините и да не говориме.

5-greshki-poradi-koi-podochnicite-vi-izgledaat-ushte-polosho-2.jpg

Во продолжение, ви откриваме пет грешки (и како никогаш повеќе да не ги повторите!), кои можеби дури и несвесно ги правите, а апсолутно се виновници за уште полош изглед на подочниците.

1. Коректорот ви е премногу темен (или спротивното, светол)

Нијансата на кожата ни се менува низ годината. Во постудените месеци сме посветли, а летните месеци кожата природно ни потемнува. Според тоа, не можете во текот на целата година да користите ист коректор. Секогаш прилагодувајте ја нијансата на коректорот на својата кожа. Воедно, ако веќе морате, попрво користете една нијанса посветол, отколку нијанса потемен коректор.

5-greshki-poradi-koi-podochnicite-vi-izgledaat-ushte-polosho-3.jpg

2. Јадете премногу сол

Пресолената храна предизвикува појава на „перничиња“ под очите. Исфрлањето на солта од исхраната ќе му биде од повеќекратна полза на вашиот организам, па е нешто за што би требало да размислите уште веднаш.

5-greshki-poradi-koi-podochnicite-vi-izgledaat-ushte-polosho-4.jpg

3. Не се сите креми и коректори делотворни за подочниците

На пазарот постојат мноштво креми и коректори, а некои од нив делуваат многу подобро на подочниците од останатите.  Изберете крема која во себе има витамин К, бидејќи ја намалува видливоста на вените под кожата. Што се однесува до коректорот, за прикривање на подочниците се најкорисни оние со што полесна формула.

5-greshki-poradi-koi-podochnicite-vi-izgledaat-ushte-polosho-5.jpg

4. Не јадете доволно овошје и зеленчук

Кога на телото му недостасуваат витамини, тоа посебно се забележува во пределот под очите. И, водата, исто така, може да направи голема разлика.

5-greshki-poradi-koi-podochnicite-vi-izgledaat-ushte-polosho-6.jpg

5. Маскарата или тушот за очи се одговорни за нив

На крајот на денот, голема количина од маскарата и тушот за очи ќе се размачка и падне во пределот на подочниците, поради  што тие ќе изгледаат далеку потемни од вообичаеното. Затоа, задолжително погледнете се во огледало пред да појдете на „after work“ дружба со колегите.

5-greshki-poradi-koi-podochnicite-vi-izgledaat-ushte-polosho-7.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...

Најчитани неделава