Како Никол Кидман на 49 личи како да има 35 години?

За помалку од 3 месеци, Никол Кидман ќе наполни 50 години, токму така... 50 години. И после 5 децении на оваа планета, би помислиле дека ќе изгледа преморено, со кожа која почнува да старее и сало кое почнува да се зголемува...

kako-nikol-kidman-na-49-lici-kako-da-ima-35-godini-01.jpeg

Но, Никол и понатаму е истата згодна русокоса, односно сè уште е во одлична форма.

Како ѝ успева тоа?

Јаде протеини

Како и секој Австралијанец, така и Никол е фан на храната која доаѓа од океанот. Рибата, школките и останатите морски плодови се одличен извор на протеини, плус имаат малку калории и масти.

Јаде сè што сака, но во умерени количини

„Не верувам во откажување од одредени работи. Мислам дека најдобро е 80% од храната да ви биде здрава, а останатите 20% да се сведува на сите работи кои ви причинуваат задоволство, а не се здрави“ - изјавила таа за

kako-nikol-kidman-na-49-lici-kako-da-ima-35-godini-1_copy.png

Употребува суплементи

Кидман не е секогаш во можност да ја прими доволната количина на витамини и минерали од храната која ја јаде заради честите патувања, па покрај здравата храна таа користи и суплементи.

Пие чудно кафе

„Повеќе ја сакам пената отколку кафето, па кога нарачувам во Starbucks обично од баристата барам многу малку кафе, а многу пена.“ - вели таа.

Ја знае моќта на добрата плејлиста за вежбање

Меѓу омилените песни за вежбање ѝ е „Work Bitch“ од Бритни Спирс.

Кидман секогаш ја менува рутината за вежбање

Актерката од Австралија има татко кој бил маратонец во трчање, па не е ни чудно што и самата преферира трчање. Но, како што самата објаснува, мора да менувате што вежбате инаку ќе ви здодее едната иста работа и ќе престанете да вежбате.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
4 фризури за на плажа со кои секогаш ќе бидете средени (без фенирање и мака) Не мора секој ден да се мачите и да ја фенирате косата или да правите тешки фриз...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...
Жени споделуваат за кои третмани за убавина зажалиле (и зошто) „Ринопластика. Бев многу млада, одлуката беше импулсивна и жалам секој ден. Ве м...

Најчитани неделава