Трендови за убавина кои се хит на Инстаграм, но не функционираат во реалноста

Им се восхитувате на вештината и оригиналноста на популарните видео блогерки? Во живо, нештата и не се толку совршени и сјајни.

trendovi-za-ubavina-koi-se-hit-na-instagram-no-ne-funkcioniraat-vo-realnosta-1.jpg

Кога станува збор за секојдневните ритуали за убавина, или, пак, нашата рутина за шминка, работите се прилично едноставни и секогаш исти.

Знаеме што добро ни прилега на изгледот, па речиси никогаш не навлегуваме во непознати територии. Секако, важи и златното правило - помалку е повеќе.

trendovi-za-ubavina-koi-se-hit-na-instagram-no-ne-funkcioniraat-vo-realnosta-2.gif

Но, истото не може да се каже и за популарните „експертки“ за убавина на социјалната мрежа Инстаграм. Од ден во ден, овие девојки одново и одново смислуваат што ново, лудо и необично да направат со шминката.

Понекогаш, резултатот е совршен (прецизно извлечената линија со туш за очи и понатаму е ултимативна цел за секоја жена). Но, понекогаш изгледаат и како да сакаат да се придружат на циркус.

На овие девојки им даваме чиста 5-ка за креативноста, но нивните идеи апсолутно никогаш не би ги испробале во реалноста:

Маска од Нутела

Ни се чини или ова најлошиот можен начин за употреба на вкусната Нутела? Не, навистина е неразумен и залуден трошок.

Светки на коренот од косата

Од објавата на оваа фотка поминале речиси 80 седмици. Што мислите - пронаоѓа ли сè уште девојката светки на перницата?

Светки на веѓите

Изледа како проект по ликовно – на вашето лице.

Коригирање со бои

Воопшто не ни е јасно како ова функционира. Колку точно пудра е потребно за да се сокрие карминот околу усните? И како е возможно?

3D уметност на капаците

Секоја чест за талентот и трпението, доколку ги користите очните капаци како сликарско платно. Но, не може да ни да го отворите окото, зар не?

Вештачки пеги

Во кој момент стана „кул“ да се цртаат пеги (кои ги немаме) на себе?

Контурирање на телото

И јаките контури на лицето се претерано нападни во живо, а камоли на градите, за стомачни мускули или, пак, по нозете.

Круни на капаците

Навистина изгледаат супер. Но, што кога ќе ги отворите очите?

Изедначување на шминката со било што друго освен сунѓерче

Се изнаслушавме сè и сешто - силикони, лажици, кондоми?! Сепак, не.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
Долга коса, светки на кожа – 10 трендови за убавина од Мет гала 2026 кои ќе доминираат насекаде Екстремно долгите коси се враќаат во мода, но и лабаво фатените опавчиња наместо...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...
Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...

Најчитани неделава