Летен хит на Инстаграм: Коса во боја на океанот

Дамите ширум светот не можеа да замислат подобар начин за прослава на љубовта кон сончевото лето и океанското синило.

leten-hit-na-instagram-kosa-vo-boja-na-okeanot-1.jpg

Топлото лето е најдобрата сезона за испробување на новите трендови, а временскиот интервал за последниот меѓу нив - „океанската коса“, дефинитивно е вистинскиот.

Според Инстаграм, бојадисувањето на косата во боите на океанот ќе биде апсолутен хит во текот на сончевите месеци.

Трендот #oceanhair станува сè попопуларен, а бил пребаруван повеќе од 12 илјади пати на социјалната мрежа во изминатиот период.

„Океанската коса“ ги издигнува брановите на комплетно поинакво ниво, а за да добијат совршена комбинација од сини нијанси на косата кај своите клиентки, професионалните фризери и стилисти ги користат сите бои на океанот.

Применуваат различни тонови на сина, кобалтна и тиркизна, а понекогаш и зелена боја, за постигнување длабочина и димензии кои целосно ќе потсетуваат на морски бранови.

Со миксот од разновидни бои, процесот на фарбање не е нималку едноставен. Сепак, океанската коса изгледа импресивно, зар не?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Топ 7 бои на коса кои ќе бидат хит во есен 2025 Нежна бакарна, но и бакарна во комбинација со руси тонови, богати чоколадни нија...

Најчитани неделава