5 причини поради кои изгледате постаро, а упорно ги игнорирате

За помладешки изглед на кожата, време е конечно да ги прифатите и направите промени.

5-prichini-poradi-koi-izgledate-postaro-a-uporno-gi-ignorirate-1.jpg

Носете крема за сончање кога излегувате од дома, не заборавајте ни на кремата за очи, пијте доволно течности, избегнувајте ги цигарите и шеќерот...

Тоа се само дел од работите што потребно е да ги знаете и применувате, за да вашата кожа изгледа беспрекорно и младолико. Но, што ако ви кажеме и дека опсесивното гледање на омилената ТВ-серија има лошо влијание на изгледот на кожата?

Нема да ви откриеме „топла вода“, бидејќи ова се работите за кои веќе добро знаете дека ја уништуваат, но и понатаму ги занемарувате.

Петте причини поради кои изгледате постаро, а упорно ги игнорирате се:

1. Алкохол

Алкохолот е природен диуретик, а долгорочната дехидратација може да ја намали еластичноста на кожата, предизвикувајќи појава на несаканите брчки. Но, алкохолот да доведе и до сериозни оштетувања на клеточно ниво, така што избегнувајте го колку можете, иако летната сезона на забави е во полн ек.

5-prichini-poradi-koi-izgledate-postaro-a-uporno-gi-ignorirate-2.jpg

2. Сообраќај

Кога се возите во автомобил, затворете ги прозорците, бидејќи издувните гасови и тоа како ѝ штетат на вашата кожа. За жал, додека пешачите, невозможно е да ги избегнете, но барем може правилно да ја заштитите кожата – користејќи крема со заштитен фактор, па не заборавајте на неа.

5-prichini-poradi-koi-izgledate-postaro-a-uporno-gi-ignorirate-3.jpg

3. Стрес

Предизвикан од деловни или приватни ситуации, за стресот е докажано дека може да предизвика штетни промени на нашата ДНК, а кои се поврзани со мноштво дегенеративни болести, вклучувајќи промена или пропаѓање на клетките, ткивата, органите. Факт е дека стресот не може целосно да се избегне, но барем научете да не се нервирате околу нештата на кои немате моќ да влијаете, или, пак, кои не се реални проблеми.

5-prichini-poradi-koi-izgledate-postaro-a-uporno-gi-ignorirate-4.jpg

4. Недостаток на сон

Ако сакате да изгледате постаро, или, пак, имате посива кожа со многубројни брчки и останати неправилности, доволно е да не спиете колку што е потребно. Но, сивилото и брчките не се единствените  последици од недостатокот на сон. Меѓу нив се и нерамномерната пигментација, како и побавната регенерација.

5-prichini-poradi-koi-izgledate-postaro-a-uporno-gi-ignorirate-5.jpg

5. Паметни уреди

Тие се можеби паметни, ама и штетни за изгледот на вашата кожа, како и за здравјето на очите. И за нив, исто така знаеме дека е невозможно комплетно да ги откажете, но дефинитивно може да ја намалите количината на време што го минувате користејќи ги.

5-prichini-poradi-koi-izgledate-postaro-a-uporno-gi-ignorirate-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух) Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Практични совети за нега на нозе и стапала во зима (за мазна и мека кожа) Немојте да користите камен за пети на сува кожа и редовно ставајте лосион на ноз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg