Време е да започнете со суво четкање на телото, бидејќи ефектите се огромни

Понекогаш решенијата поврзани со добриот изглед на кожата се многу едноставни. Едно од нив е сувото четкање кое е дел од Ајурведа филозофијата на прочистување.

Vreme-e-da-zapocnete-so-suvo-cetkanje-na-teloto-01.jpg

Тоа е најдобриот начин да добиете нежна и мазна кожа за помалку од 5 минути. Се прави на сува кожа пред туширањето и носи многу позитивни придобивки за целото тело и организмот.

Набавете квалитетна четка за тело и одвојте 3 минути дневно од вашето време.

Телото и кожата ќе ви бидат благодарни. Еве зошто:

Придобивки од сувото четкање на кожата

  • Ги отстранува мртвите клетки и ѝ овозможува на кожата да дише
  • Ја стимулира и ја забрзува циркулацијата на крвта
  • Го намалува целулитот
  • Го намалува перутењето на кожата
  • Го забавува процесот на стареење
  • Го детоксифицира организмот
  • Го подобрува изгледот на кожата
  • Го зајакнува имунитетот
  • Кога се четка правилно, ја затегнува кожата

Како правилно се четка телото?

Најдобриот период од денот за суво четкање на телото е наутро, пред туширањето. Може да го четкате телото 1 до 2 пати во денот, со цел да ја стимулирате крвната циркулација и да го намалите целулитот. Ќе направите природна ексфолијација на кожата која ќе изгледа посветло, помазно и понежно.

Не притискајте премногу силно со четката. Четкајте се со отсечни, но нежни движења и внимавајте да не се изгребете или повредите.

Започнете од листовите на нозете, како што е покажано на илустрацијата.

Продолжете кон срцето, а потоа кон градите и рацете. Избегнете да ги четкате чувствителните делови на телото, со цел да избегнете исекотини, инфекции, и дефинитивно избегнувајте го делот каде што имате рани или кожен осип.

Vreme-e-da-zapocnete-so-suvo-cetkanje-na-teloto-02.jpg

Не заборавајте да го исчеткате и грбот.

Користете четка со долга дршка. Започнете од долниот дел на грбот кон средината и од вратот па надолу кон средината на грбот.

Нека движењата ви бидат меки и заоблени, односно долги и кружни. Избегнете четкање во правец напред-назад.

Четкањето треба да трае максимум 2-3 минути. Откако добро ќе го исчеткате телото истуширајте се со цел да се ослободите од мртвите клетки на кожата.

Пред легнување втријте во кожата мала количина на чисто кокосово масло, за да добиете здрав природен сјај на кожата.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....

Најчитани неделава