Карминот не се пробува на дланка: Женски трикови кои треба да почнете да ги применувате
Итрината на жените нема граници, посебно ако треба да ја искористат за да изгледаат подобро и поубаво.

Токму така се откриени овие едноставни, но екстремно корисни трикови за разубавување.
И треба да почнете да ги користите од денес:
1. За да го обновите стариот кармин, едноставно загрејте го додека не се стопи. Почекајте да се стврдне и може да го користите.

2. Пред да ги извиткате трепките, алатката загрејте ја со фен.

3. Ослободете се од црнките на носот со помош на вазелин. Намачкајте го носот, ставете пластична фолија, па врз неа држете топла крпа 5-6 минути. Потоа отстранете со суво марамче.

4. Ако маскарата ви предизвикува иритација на очите, направете си природна – од истолчен јаглен и алое вера гел.

5. За парченцата од ноктите да не летаат кога ги сечете, замотајте ја грицкалката со селотејп.

6. За побрзо сушење на четките, без да ја изгубат формата, користете го овој трик.

7. Нанесете балсам за усни на кутикулите за да ги омекнете инстантно.

8. За кожата да ви биде помека, не користете пешкир. Нанесувајте крема на влажна кожа.

9. За да го извлечете максимумот од производите во туба, прво загрејте ги со фен.

10. За да ја најдете идеалната боја на кармин, пробајте го на врвот на прстите, не на дланките. Врвовите на прстите имаат црвеникав пигмент исто како усните.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт...
„Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата)
Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
14 идеи за пролетен маникир со кои секој аутфит ќе ви изгледа поубаво (фото)
Оваа сезона ноктите не треба да бидат многу долги (кусите нокти се во мода), а б...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите
Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите)
Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025?
Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...