Доказ дека не ви треба многу шминка за да изгледате убаво (фото)

Колку шминка им е навистина потребна на жените? Мора ли секој ден да ставаат моливче, ББ крем, ЦЦ крем, коректор, бронзер, и што ли уште не за да изгледаат привлечно?

dokaz-deka-ne-vi-treba-mnogu-kozmetika-za-da-izgledate-ubavo-foto-001.jpg

Сите тие производи кои козметичката индустрија секојдневно ги промовира помагаат, но нема потреба да се претерува со нивно користење. Истиот изглед ќе го постигнете и со многу помалку производи.

27-годишната Луси Тарнер од Лондон направила мал експеримент на оваа тема. Таа се нашминкала со 20 козметички производи кои ги има во нејзиниот несесер.

За овој изглед, на Луси ѝ биле потребни:

  • прајмер
  • ЦЦ крем
  • крем за стробинг
  • коректор за подочници
  • коректор за нос и брада
  • anti-age прајмер
  • ЦЦ корективен крем кој ги покрива недостатоците
  • ЦЦ корективен крем – зелен
  • ЦЦ корективен крем – розов
  • минерална пудра
  • хајлајтер
  • комплет за контурирање
  • моливче за веѓи
  • моливче за очи
  • гел за веѓи
  • маскара
  • моливче за усни
  • сјај за усни
  • балсам за усни
  • фиксатор за шминка

Резултатот од првиот дел од експериментот:

dokaz-deka-ne-vi-trebaat-mnogu-kozmetichki-proizvodi-za-da-izgledate-ubavo-foto-02.jpg

За вториот дел од експериментот, Луси се нашминкала со само 5 производи:

  • ЦЦ крем
  • минерална пудра
  • маскара
  • сјај за усни (кој го нанесе на усните и на образите)
  • моливче за веѓи (кое го нанесе на веѓите и на очите)

Еве како изгледа Луси нашминкана со 5 производи:

dokaz-deka-ne-vi-trebaat-mnogu-kozmetichki-proizvodi-za-da-izgledate-ubavo-foto-03.jpg

Ако ги споредиме двете фотки, речиси и да не постои никаква разлика помеѓу нив.

Ова е уште еден доказ дека декоративната козметика постои само за да ги нагласи убавите црти или да ги поправи малите недостатоци на лицето.

Секако дека за вечерни излегувања или важни настани дозволена е малку понападна шминка, но за секојдневен изглед поважно е кожата да се негува со маски, пилинзи и креми, кои најдобро е да бидат на природна база, за да се постигне свеж и привлечен изглед.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...
12 жени кои отишле во непроверен салон за убавина и зажалиле (фото) Ужасно лош маникир, шминка која личи како да ја правело дете, а не шминкер - иск...
Носете тесни фармерки и уште 10 модни трикови со кои ќе изгледате помладо Ако сакате да изгледате помладо од она што сте навистина, понекогаш треба да нап...
4 најголеми грешки поради кои изгледате постаро отколку што сте Дебелите црни линии околу очите не им стојат на сите. Освен што е тешко да ...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
15 мажи чиј лик потполно се смени со новата фризура (фото) Едни пуштаат коса, други ја бричат главата бидејќи почнале да ќелават, а трети с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg