5 трендови за шминка кои ќе доминираат оваа 2018 година

Доколку ви дојде преку глава од течните мат кармини, следуваат добри вести - оваа сезона не се повеќе во мода. Нив ќе ги заменат добрите стари кармини во стандардни пакувања со нежна хидратантна формула во многу достапни бои.

5-mejk-ap-trendovi-koi-ke-dominiraat-vo-2018-01.jpg

Снабдете се со поголема количина на црн туш за очи, а сите кои сакаат светки и металик нијанси може да здивнат – тие се во центарот на вниманието оваа година.

Погледнете ги трендовите за шминка кои ќе доминираат во наредните 12 месеци:

Драматичен црн туш на очите

Не плашете се да исцртате драматична смела туш линија под и над очниот капак. Играјте си со линиите и дебелината на истите. Црниот туш не планира да се пензионира наскоро.

5-mejk-ap-trendovi-koi-ke-dominiraat-vo-2018-01 (5).jpg

Хидратантни кармини во стандардни пакувања

По години доминација на течните мат кармини, стандардните хидратантни кармини повторно се враќаат во мода. Некој ќе помисли дека сме заборавиле како да нанесуваме нормален кармин после четкичките за течни кармини, нели?

5-mejk-ap-trendovi-koi-ke-dominiraat-vo-2018-01 (1).jpg

Божествени златни нијанси

Ништо нападно или премногу нагласено. Сите оние нежни златни нијанси кои суптилно се прелеваат нека си го пронајдат своето место на вашето лице, од сенки и пигменти, до сјаеви и хајлајтери.

5-mejk-ap-trendovi-koi-ke-dominiraat-vo-2018-01 (2).jpg

Сјаен хајлајтер

И оваа година најдраматичниот момент се случува на јаболчниците. Сјаен хајлајтер кој се рефлектира и ги истакнува сите убави црти на лицето – од образите до делот над усните, по линијата на носот и на очните капаци веднаш под лакот на веѓите е задолжителен производ во секој несесер.

5-mejk-ap-trendovi-koi-ke-dominiraat-vo-2018-01 (3).jpg

Природно густи трепки

Одморете ги очите од слоеви и слоеви вештачки трепки. Оваа сезона во мода се природните трепки кои може да ги згуснете со мешавина од неколку масла, како рицинусово, маслиново, арганово масло и витамин Е.

Пронајдете совршено добра маскара и постигнете природен волуменозен изглед на трепките, без лепило и вештачки трепки.

5-mejk-ap-trendovi-koi-ke-dominiraat-vo-2018-01 (4).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или н...
Од руса, до црвена: Трендови за бои на коса што ќе доминираат во 2026-та Темноцрвената, црната со изразен сјај, како и „студената“ руса боја ќе бидат меѓ...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
5 грешки со кармин кои ви додаваат години Не правите пилинг на усните, ја игнорирате бојата на вашата кожа и претерувате с...

Најчитани неделава