Трикови како нозете да ви останат мазни подолго после бричењето
Некои жени преферираат бричење бидејќи сами одлучуваат кога ќе го направат тоа и не се ограничени со закажување депилации.

Други пак, не сакаат да слушнат за бричење, но веројатно и ако спаѓате во оваа група, некогаш ви се случило да сте во безизлезна ситуација каде мора да попуштите.
Не секогаш имаме време да чекаме до следната депилација, а често се случува неочекувано да излезе некој настан.
Па, доколку дојде до тоа да мора да се избричите, добро е да имате неколку трикови за тоа како нозете да останат мазни подолго:
Секојдневно користете масло за тело кое ја омекнува кожата.

Користете гел за бричење, бидејќи е полизгава супстанца и нема да го заглавува жилетот.

Менувајте го жилетот редовно и не се бричете со стар.
Бричете ги нозете на крај од туширањето за топлата вода убаво да ги омекне влакната.

Користете средство за ексфолиација пред бричењето – ќе ја отстрани мртвата кожа и ќе спречи внатрешни влакна.
Користете машки жилет – освен што е поевтин, дизајниран е пред сѐ за бричење на лице, па е многу подобар.

Бричете се од горе-надоле, па обратно – не почнувајте прво нагоре ако сакате мазна кожа.

Бидете внимателни ако жилетот е нов бидејќи е многу поостар и полесно може да се исечете.
Свиткајте ги колената кога поминувате по тој дел за да ги извадите темелно влакната и да избегнете сечење.
По употреба, секогаш затворајте го жилетот со капаче бидејќи тоа спречува негово уништување.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење
Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
Како лакот за нокти да ви трае подолго од два дена?
Темелно измијте ги исушете ги ноктите пред лакирање, и не заборавајте да ставите...
5 омилени трикови за шминкање на Италијанките што ја истакнуваат природната убавина
Акцентирани веѓи и трепки со минимална шминка, како и BB крем наместо пудра.&nbs...