Како да препознаеме “здрава“ козметика?


Како да препознаеме “здрава“ козметика?

Козметиката претставува составен дел од секојдневната рутина на жените и мажите. Употребата на козметиката се поврзува со желбата кај човекот да изгледа и да се чувствува убаво.

kako-da-prepoznaeme-zdrava-kozmetika-001.jpg

Според статистичките истражувања, една жена во просек употребува околу 12 козметички производи дневно, а мажот половина од таа бројка.

Многу луѓе се во потрага по козметички производи кои се формулирани од здрави и нетоксични состојки. Но, сепак не е лесно за просечниот консумент да ги препознае брендовите кои се “здрави“. Еве неколку совети како да препознаете здрав козметички производ:

Прочитајте го составот на производот

Покрај информациите за намената и придобивките од употребата на производот, посебно внимание посветете на составот на прозводот. Состојките на производот се напишани како INCI и согласно регулативата, се набројуваат почнувајќи од состојките кои се содржат во најголем процент во производот.

Зошто е важен редоследот на состојките?

На тој начин ќе добиете јасна претстава која состојка се содржи во најголем процент во производот, а индиректно ќе добиете сознание и за тоа дали производот е “здрав“. Состојките како: Butyrospermum parkii butter (ши путер), Argania spinose kernel oil (Арганово масло), Hydrogenated coconut oil (кокосово масло), Helianthus annuus seed oil (сончогледово масло) се здрави состојки. Се употребуваат за да создадат производ со добра конзистенција, кој лесно се размачкува на кожата и брзо се впива, а кожата ја храни, кондиционира, не ги затвора порите и овозможува непречено одвивање на нормалните функции на кожата.

Нафтени деривати

Внимавајте на состојките како: Liquid paraffin, Mineral oil, Toluene, Xylene, Petrolatum . Сите овие состојки се деривати на нафтата и не ги сакаме на нашата кожа. Тие се едни од најчесто употребуваните состојки во козметичката индустрија, поради цената, а се употребуваат за да дадат поубав изглед на козметичкиот производ и за полесно размачкување на кожата.

Силикони

Во денешно време многу ретко ќе сретнете на пазарот козметички производ во кој нема силиконски масла. Како да ги препознаете во составот на производот? Тоа се следните состојки: Methicone, Phenyl trimeticone, Dimethicone, Cyclomethicone, Dimethiconol, Dimethicone copolyol, или состојки кои завршуваат на “cone” или “conol“. Силиконските масла се употребуваат во козметичките производи за да се овозможи мазен ефект при размачкувањето, а на производот му даваат посебен сјај.

Зошто силиконите се непожелни?

Силиконите не се впиваат целосно во кожата, туку создаваат слој кој останува на површината на кожата во текот на целиот ден. На тој начин се спречува одвивањето на нормалните процеси на кожата како: потење, регулација на температурата и отстранување на слојот на мртви клетки. Но, поголемата последица од силиконскиот слој врз кожата е дека не се задржува само влага во кожата, туку и бактерии, себум, маснотии и други онечистувања. Ова е особено неповолно за масна кожа која е склона на создавање акни.

Како да одберете производ кој не содржи силикони?

Прочитајте го составот на производот и обрнете внимание на погоре опишаните имиња на силиконските масла или избере производ на кој пишува “без силикони“.

Парабени

Најшироко употребувани конзерванси во козметичките производи. Нивната функција во производите е да го задржат квалитетот на производот до означениот рок на употреба. Зошто се штетни?

Постојат студии кои укажуваат на штетното дејство на парабените врз функцијата на ендокрините жлезди, а тоа доведува до хормонски нарушувања. Посебно чувствителна популација се бремените жени и децата помали од 3 години.

Како да ги препознаеме производите кои содржат парабени?

Во составот на производот парабените се означени со следните имиња: Ethylparaben, Butylparaben, methylparaben, propylparaben, isobutylparaben, isopropylparaben и други состојки чие име завршува со “paraben“.

Козметичката линија на производи од брендот TAIVA припаѓаат во здрава козметика. Не содржат силикони и парабени. Во составот нема деривати на нафта, туку ши путер, масло од арган, сончогледово, кокосово масло  кои ја создаваат лесна и брзо впивлива структурата на производот. Сите состојки во TAIVA производите се од најновата генерација во светската дермо-козметичка индустрија. Активните состојки се повеќе пати наградувани со највисоки признанија за иновативност во светски рамки.

Повеќе информации на: www.taiva.eu

Smart cosmetics * Smart choice

Авторот е докторанд на фармацевтски науки со 15 год. искуство во фармацевтската индустрија

Би можело да ве интересира:

Козметички производи кои не смеат да се користат во исто време Кога станува збор за козметички производи, за многумина важи правилото: колку по...
Козметички производи кои имаат и друга корисна намена покрај основната Многу производи, освен првичната намена за која ги користиме, имаат и друга кори...
Маска од лимон, авокадо и кокосово масло - серум за убава и здрава кос... Дали и вашата коса е сува и безживотна? Дефинитивно не сте единствени. Ова е пр...