Збогум брчки, збогум целулит: Домашни маски и третмани со кафе

Популарното верување е дека еден филџан црно кафе во тек на денот прави чуда за нашиот тен, но исто така докажано е дека кофеинот ја прави кожата цврста и ја штити од предвремено стареење.

kafe-za-se-podgotvete-si-domashen-kofeinski-kozmetichki-tretman-2.jpg

Денеска, козметичката индустрија успешно го применува кофеинот во најразлични препарати, особено поради тоа што ја стимулира циркулацијата. Често може да го најдеме и како основна состојка во антицелулитните креми.

Но, доколку сте фан на домашноподготвените маски и лосиони за разубавување, меленото кафе можете да го корстите и за да направите најразлични пилинзи во домашни услови.

Во продолжение неколку предлози:

Тоник за кожа - Со памук нанесете свежо сварено кафе на лицето и масирајте со кружни движења. Ќе постигнете изедначување на тенот.

Исто така, може да ставите кафе во калапи за мраз и да го масирате лицето со една коцка секој ден.

Маска против брчки - една лажичка ‘ржано бражно измешајте со сварено кафе и откако ќе добиете густа смеса, додадете жолчка од јајце. Нанесете ја маската на своето лице и оставете ја да отстои 15 минути. Потоа убаво измијте се.

Вака направената смеса е одличен начин како природно да ја затегнете кожата на вашето лице.  

kafe-za-se-podgotvete-si-domashen-kofeinski-kozmetichki-tretman-4.jpg

Маска за темна коса - измешајте две жолчки, мала лажичка рум, две лажици топла вода и додајте една лажичка мелено кафе и малку маслиново масло. Вака направената хомогена смеса нанесете ја на вашата коса и оставете да делува 5-10 минути, а потоа измијте ја со топла вода.

Поголем сјај на косата ќе забележите веднаш по првиот третман.

Антицелулитен третман – Ова е стар, но секогаш популарен начин за секундарна употреба на кафето. Во мал сад измешајте мелено кафе со гелот за туширање што вообичаено го користите.

Масирајте ги зоните на телото каде имате целулит со силни и кружни движење. Откако ќе ја опфатите целата зона,  истуширајте се со млака вода.

kafe-za-se-podgotvete-si-domashen-kofeinski-kozmetichki-tretman-3.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...

Најчитани неделава