Препораки од експертите: Кармин, сјај или молив за очи?

Сјаен или светкав во пудресто розева, проѕирен со светки или класичен црвен и мат? Изборот на најдобриот производ за неодоливи усни е голем предизвик. Еве кои се препораките од експертите!

preporaki-od-ekspertite-karmin-sjaj-ili-moliv-za-oci-1.jpg

Дали сте се запрашале како да го создадете тој совршен изглед или сте едноставно љубопитни кој производ би бил совршен за обликот на вашите усни. Одлучивме да побараме совет од експертите за стилско преобликување на вашите усни. Се сретнавме со Јохан Врамел, интернационалниот бјути директор на Орифлеим за да дознаеме кои се неговите најнови трикови.

Што треба да се земе во предвид при изборот на совршениот кармин за усни?

- Ако сте млади можете да испробате лесна пигментација: светло розов, беж, безбоен, меко розов, винтаж розов. Можете да нанесете и сјај по желба. Мислам дека колку сте постари можете да користите што повеќе хидрирачки текстури и мат кармини. Исто така мислам дека што повеќе пигменти сакате, вашиот кармин треба да биде во мат-нијанси. Во случај да изберете „ rouge noir“ изберете мат-нијанса затоа што таа боја подобро изгледа во мат отколку во сјајна нијанса.

Која е разликата помеѓу течниот кармин и сјајот за усни? 

- Сјајот за усни секогаш дава сјај на вашите усни. Тоа е улогата на сјајот. Течниот кармин им дава пигмент на усните, но не секогаш и сјај. Може да создаде убаво чувство на хидратација 

Што е повеќенаменски производ?

- Повеќенаменски производ е мешавина од кармин, сјај и боја за усни – сѐ во еден производ.

Кога препорачувате да се користи молив за усни?

- Молив за усни можете да користите кога сакате да го нагласите обликот на усните. Исто така е извонреден доколку треба да се прикрие некој недостаток или доколку линијата на усните ни е избледена или нема доволна пигментација. Исто така можете да го користите доколку сакате долготраен визуелен ефект. Понекогаш користам тенок молив за усни и го омекнувам со прсти без да користам други производи.

preporaki-od-ekspertite-karmin-sjaj-ili-moliv-za-oci-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
5 грешки со кармин кои ви додаваат години Не правите пилинг на усните, ја игнорирате бојата на вашата кожа и претерувате с...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....

Најчитани неделава