Најчести работи кои го уништуваат вашиот младолик изглед и убавина

Понекогаш не сме ни свесни дека некои работи во домот може да ни наштетат како на здравјето, така и на убавината.

najchesti-raboti-koi-go-unishtuvaat-vashiot-mladolik-izgled-i-ubavina-01.jpg

Колку и да ни е удобно во домот, сепак мора да внимаваме на некои опасни работи кои ја нарушуваат убавината после одреден период.

Со тек на време, доколку сте подложни на некои такви фактори, вашата кожа ќе изгледа постаро.

Токму затоа, погледнете кои работи во домот или работната околина се штетни за убавината:

Централно греење или клима уред

Заради промените во температурите надвор и внатре, кожата може да почне да се суши и тоа да доведе до брчки.

Решение: Користете уреди за навлажнување на просториите, редовно навлажнувајте ја кожата и секогаш имајте шише вода до вас.

najchesti-raboti-koi-go-unishtuvaat-vashiot-mladolik-izgled-i-ubavina-02.jpg

Сапун

Иако е добро да се води сметка за хигиена, сепак секојдневното миење со сапун и други средства на лицето, води до измивање на заштитниот слој кој нè штити од бактерии и спречува предвремено стареење.

Решение: Внимателно гледајте ја содржината на сапуните и геловите и ако е можно откажете се од секојдневното миење со средства.

Спиење на памучни навлаки

Ваквите навлаки за перница не се идеални, посебно за оние кои спијат на страна, бидејќи во текот на ноќта се прават набори на кожата што понатаму преминуваат во брчки.

Решение: Заменете ги памучните навлаки со свилени – можеби се поскапи, но се подолготрајни, мазната површина не ја оштетува кожата и спречува создавање бактерии.

najchesti-raboti-koi-go-unishtuvaat-vashiot-mladolik-izgled-i-ubavina-03.jpg

Шеќер

Јасно е дека шеќерот предизвикува дебелеење, но неодамнешни истражувања покажале и дека исто така придонесува за предвремено стареење и создавање воспалителни процеси на кожата.

Решение: Заменете го шеќерот со мед, стевиjа, јаворов сируп и слични природни алтернативи.

Телефони и компјутери

„Осудени“ сме на сината светлина од електричните уреди од утро до вечер, но докажано е дека таа може да биде штетна колку и сончевите зраци.

Решение: Ако не можете да го ограничите времето на користење на овие уреди, барем инвестирајте во заштитен екран и очила со стакла за заштита од оваа светлина.

najchesti-raboti-koi-go-unishtuvaat-vashiot-mladolik-izgled-i-ubavina-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
7 типа обетки кои стојат одлично на седа коса Дури и косата да ви е седа, не мора да „им се давате на годините“. Напротив, пос...
14 идеи за пролетен маникир со кои секој аутфит ќе ви изгледа поубаво (фото) Оваа сезона ноктите не треба да бидат многу долги (кусите нокти се во мода), а б...

Најчитани неделава