Како правилно се нанесува крема за брчки на пределот околу очите?

Кожата околу очите е нежна и деликатна, па затоа за неа треба да се користат производи за таа намена, но и вие треба да бидете внимателни и правилно да ги нанесувате.

kako-pravilno-se-nanesuva-krem-za-okolu-oci-2.jpg

За кремата да има целосен ефект, експертите препорачуваат да ги следете следниве неколку совети:

Олабавете ја раката

Нанесувајте од внатре кон надвор со нежни движења, без притискање. Употребувајте ги лежерно врвовите на прстите.

Експертите препорачуваат да го користите домалиот прст, бидејќи има најслаба мускулатура и сигурно нема да придонесе за грубо мачкање.

kako-pravilno-se-nanesuva-krem-za-okolu-oci-3.jpg

Нанесувајте дисциплинирано

Основно правило е дека производите за нега се нанесуваат од најлесен, па до најгуст. Така, ако вашата крема за очи има воденеста или ретка гелна текстура, нанесете ја заедно со серумот, но ако има густа текстура, слична како на обичниот крем за лице, нанесете дури откако ќе го намачкате целото лице.

Нанесете толку колку што е потребно

На упатството за употреба е наведено колкава количина е потребна од препаратот. Ако нанесете помалку, може да остане без ефект, а пак поголемата количина не значи дека ќе се зголеми ефектот на кремата.

kako-pravilno-se-nanesuva-krem-za-okolu-oci-5.jpg

Внимателно со аглите на очите

Внимавајте секогаш да имате намачкано доволно крема на надворешниот агол на окото, кој е подложен на брчки. За внатрешниот пак, нанесувајте мала количина, за да избегнете иритација на солзните жлезди.

Избирајте офталмолошки тестирани формули.

kako-pravilno-se-nanesuva-krem-za-okolu-oci-4.jpg

Користете ги изладени

Козметичките производи за околу очи најдобар ефект даваат кога се ладни, па затоа доколку производителот навел дека може и треба да се чува на ниска температура, правете го тоа. Некои креми може да ги чувате и во фрижидер, особено оние за намалување на утринските отоци околу очите.

Секако, доколку не е наведено да се чува на ниска температура, чувајте го како и сите останати.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава