Најдобрата заштита од штетното дејство на УВ зраците

Нема човек кој не ужива во пролетните сончеви денови. Вообичаено сакаме да седнеме и уживаме на  отворено, додека нежните сончеви зраци ја галат нашата кожа. Сонцето го подобрува нашето расположение, ја подобрува циркулацијата, метаболизмот на нашето тело, продукцијата на витаминот Д, но ги поттикнува и одбранбените механизми на нашата кожа кон УВ-те зраци.

najdobrata-zastita-od-stetnoto-dejstvo-na-uv-zracite-01.jpg

За дерматолозите нема никави дилеми дека сонцето е важно како и водата: без сонцето како и без водата нема живот. Меѓутоа, тие се погласно апелираат да се чуваме  од  штетното дејството на  УВ зраците

Без оглед на возраста, секоја кожа има потреба од заштита  од сонце. На пролет, при појава на првото појако сонце, најзасегнати сe две групи. Првата група се најмалите, бидејќи природните заштитни механизми во нивната кожа се сѐ уште неразвиени и потребно е да ги заштитиме со соодветна облека, доволно течности и производ за заштита од сонце адаптиран за чувствителната детска кожа,  Kids Mineral Sun Lotion, со 100% минерални филтри.

Втората засегната група се луѓето склони кон хиперпигментни промени на кожата. За нив и за сите останати кои сакаат да се заштитат од предвременото фотостареење, научниците од Eucerin направија специјална линија на производи за нега на кожата на лицето и телото, со која максимално ќе се одложи фотостареењето на кожата.

najdobrata-zastita-od-stetnoto-dejstvo-na-uv-zracite-02.jpg

Зависно од типот на кожата, Eucerin предлага SUN Fluid Sensitive protect 50+  крем за масна и осетлива кожа, SUN PHOTOAGING Control CC нијансиран крем достапен во две нијанси (светла и потемна) со кој се постигнува рамномерен и природен тен на кожата, SUN крем-флуид за нега на нормална до комбинирана кожа и SUN Oil крем за нега на сува кожа.

Иновативниот Eucerin®SUN Anti-age PHOTOAGING Control ја заштитува кожата од сонце и истовремено се бори со постоечките брчки, благодарение на додадената хијалуронската киселина во него.

Сите производи се со пријатна и лесна текстура, заштитуваат од алергии предизвикани од сонцето, не оставаат траги на облеката, не содржат парфеми, водоотпорни се, а компатибилноста со кожата е докажана со бројните клинички студии.

najdobrata-zastita-od-stetnoto-dejstvo-na-uv-zracite-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...

Најчитани неделава