Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Водич за успешно самопотемнување без флеки

Нанесувањето на препарати за самопотемнување може да биде непријатно искуство, доколку претходно не сте доволно информирани што треба да правите.

vodic-za-uspesno-samopotemnuvanje-bez-fleki-01.jpg

Постојат повеќе начини на кои можете да го подготвите телото за пролетните разголени фустанчиња, шорцеви и кошули, а самопотемнувањето со помош на креми е еден од најлесните и најбрзите.

Бронзената кожа без да се сончате со денови е привлечна, но само ако сте претпазливи.

Овој водич ќе ви помогне да не се разбудите со флеки по телото.

Планирајте однапред

24 часа пред да нанесете крема за самопотемнување, мора да ја подготвите кожата. Направете сув пилинг со четка или пак нанесете некој козметички препарат со гранули кои темелно ќе ги исчистат мртвите клетки.

Исто така може да направите и домашен пилинг од 1 шолја кафеав шеќер, сол од половина лимон, ¾ шолја кокосово масло и 2 лажици маслиново масло. Со него внимателно и темелно истријте го целото тело и не заборавајте на лактите, колената и глуждовите.

После пилингот истуширајте се и со пешкир протријте ја кожата. Нанесете крема или лосион, посебно на лактите и колениците, за да ја добијат потребната хидратација и да не соберат вишок од кремата за самопотемнување.

Ракавици!

Ракавиците се клучни доколку не сакате да завршите со портокалови дланки.

vodic-za-uspesno-samopotemnuvanje-bez-fleki-05.jpg

Не смее да брзате!

Дајте си доволно време. Нанесувајте ја кремата за самопотемнување внимателно, на природна светлина и пред големо огледало, доколку имате можност.

Нанесувајте ја со кружни движења и прескокнувајте ниту еден милиметар од кожата.

Што да избегнувате?

Избегнувајте да ставате крема за самопотемнување на дното на стапалата и на дланките. Тоа никогаш не завршува добро.

Не очекувајте резултати во истиот момент кога сте ја нанеле кремата.

Не се туширајте барем 10 часа откако ќе го нанесете лосионот за самопотемнување. Носете комотна облека и избегнувајте активности од кои појачано се потите.

vodic-za-uspesno-samopotemnuvanje-bez-fleki-04.jpg

Најдобри резултати ќе постигнете ако кремата за самопотемнување ја нанесете 15-20 минути пред спиење.

Доколку и покрај целата претпазливост се појават флеки, може да ги отстраните со:

Лимонов сок – исцедете неколку капки сок на мек пешкир и тријте го делот каде тенот е нееднаков.

Паста за заби – доколку сепак дланките ви станат портокалови, искористете го овој совет. Нанесете паста за заби и оставете да отстои неколку минути, па потоа исплакнете.

Сода бикарбона – направете смеса од 2-3 лажици сода бикарбона и вода, па пастата нанесете ја на деловите каде имате темни флеки. Оставете неколку минути, па исплакнете.

vodic-za-uspesno-samopotemnuvanje-bez-fleki-02.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух) Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Практични совети за нега на нозе и стапала во зима (за мазна и мека кожа) Немојте да користите камен за пети на сува кожа и редовно ставајте лосион на ноз...
8 митови за убавина со кои ѝ штетите на кожата (и непотребно трошите пари) Само затоа што некој продукт е многу скап, не значи дека ќе биде погоден за вас....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg