Како да ги решите најчестите проблеми со кои сите се соочуваме во лето?

Покрај многуте работи кои едвај ги чекаме, летото со себе си носи и многу непријатности и проблеми.

kako-da-gi-reshite-najchestite-problemi-so-koi-site-se-soochuvame-vo-leto-01.jpg

Колку и да сакате да уживате во летните денови, невозможно е доколку прекумерно се потите, или бричењето ви остава црвенила и на крај пак не може да облечете кратко.

Веројатно сакате да знаете како да ги избегнете најчестите проблеми со кои се соочуваме во лето.

Во продолжение, погледнете неколку идеи за некои ситуации:

Потење и непријатен мирис

Потењето и непријатниот мирис на стапалата и под пазувите може целосно да ви ја уништи летната слика и изглед.

Би било добро да избегнувате да носите чорапи и облека од 100% кожа или памук и секако, почесто менувајте ја облеката и туширајте се ако треба по повеќепати, доколку имате проблем.

Друг трик кој може да го примените е да го замените кафето со зелен чај и да си најдете антиперспирант кој најдобро му одговара на вашето тело и кожа.

kako-da-gi-reshite-najchestite-problemi-so-koi-site-se-soochuvame-vo-leto-02.jpg

Црвенила од брич

Ако ретко се бричите во текот на зимата, потоа во лето може лесно да ви се вцрвени делот кој сте го поминале со брич.

За да го намалите црвенилото и чешањето, намачкајте неколку капки масло од лаванда измешано со лосион за после бричење.

Алтернативно, може да измешате неколку банани со крема за смирување и да ја нанесете на оштетениот дел, а потоа да исплакнете.

kako-da-gi-reshite-najchestite-problemi-so-koi-site-se-soochuvame-vo-leto-03.jpg

Иритација на кожата меѓу бутовите

Ако носите шорцеви и мини здолништа на прошетки во топли денови, кожата меѓу бутовите може лесно да се изиритира.

За да се ослободите од тоа, треба редовно да ја навлажнувате и да користите креми на природна база со витамин Ц и Е и екстракт од краставица. Редовно туширајте се и внимателно мијте го шампонот.

Не нанесувајте мраз на иритираните делови.

kako-da-gi-reshite-najchestite-problemi-so-koi-site-se-soochuvame-vo-leto-04.jpg

Комарци

Комарците и другите инсекти обожаваат да ви го нарушат мирот, да ве касаат, да ви нуркаат во чашата со вино или да ви зујат на уво.

За да ги држите надвор од домот, може да искористите неколку трикови:

  • Користете силиконски ленти на кои ќе се лепат
  • Ставајте мрежи на прозорците и вратите
  • Купете природно масло од чајно дрво или лимон (тоа ги држи комарците настрана)

kako-da-gi-reshite-najchestite-problemi-so-koi-site-se-soochuvame-vo-leto-05.jpg

Прашина

Прашината која влегува во домот од отворените прозорци во лето може да биде причина за многу алергии.

За домот да ви биде чист, а телото здраво правете ги следниве работи:

  • Редовно чистете со правосмукалка (барем еднаш неделно)
  • Менувајте ја постелнината еднаш неделно
  • Користете чаршави што не собираат многу прашина
  • Чистете ги милениците редовно
  • Секојдневно џогирајте го подот
  • Ако детето има алергии, плишените играчки чувајте ги во замрзнувач 48 часа пред користење

kako-da-gi-reshite-najchestite-problemi-so-koi-site-se-soochuvame-vo-leto-06.jpg

Труење од храна

Труењето од храна многу често се случува во лето, па за да го избегнете овој проблем, правилно чистете ги зеленчукот и овошјето, јадете свежа храна наместо однапред подготвена и готова за носење, проверувајте го изгледот и мирисот пред да јадете било што.

kako-da-gi-reshite-najchestite-problemi-so-koi-site-se-soochuvame-vo-leto-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Дречливи бои, лак со текстура - Топ 7 идеи за педикир за пролет-лето 2026 Наскоро ќе почне сезоната на сандали и одење на плажа, кога вашите прсти на нозе...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...
8 идеи како да ја стилизирате долгата коса летово, без да одите на фризер (фото) Нема да ви одземат многу време, а и не мора да имате којзнае каков „фат“ за да м...

Најчитани неделава