Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да го одморите лицето од тешката шминка во лето и што да користите како замена?

Периодично, добро е извесно време да се ослободите од тешката шминка и да му дозволите на вашето лице да дише. 

kako-da-go-odmorite-liceto-od-teshkata-shminka-vo-leto-i-shto-da-koristite-kako-zamena-01.jpg

Летото е идеално време за тоа, бидејќи кожата повеќе се поти и ја растопува шминката, а порите се полнат со нечистотии.

Секако, во овие денови, доколку не можете да се откажете од шминката, можете да користите други козметички производи кои ќе ѝ дозволат на кожата да дише, а вие и понатаму ќе изгледате уредно и негувано.

Коректор

Доколку сакате беспрекорен изглед, можете да го постигнете тоа и само со коректор во нијанса на вашата кожа. Покријте ги темните кругови околу очите, замаскирајте ги недостатоците и изедначете со сунѓерче за шминкање.

kako-da-go-odmorite-liceto-od-teshkata-shminka-vo-leto-i-shto-da-koristite-kako-zamena-02.jpg

Подлога за шминка

Светкавата седефаста подлога за шминка ќе ја осветли вашата кожа, ќе ги изедначи недостатоците и нема да ги гуши порите на лицето. Доколку немате, набавете си подлога (позната и како прајмер), бидејќи потоа ќе ви користи и за под пудрата.

kako-da-go-odmorite-liceto-od-teshkata-shminka-vo-leto-i-shto-da-koristite-kako-zamena-03.jpg

CC крема

Популарен козметички производ кој заслужено се наоѓа во несесерот на секоја девојка која сака да изгледа беспрекорно. Покривен е, го изедначува тенот, а на кожата ѝ дозволува да дише без проблем.

kako-da-go-odmorite-liceto-od-teshkata-shminka-vo-leto-i-shto-da-koristite-kako-zamena-04.jpg

Интензивен кармин

Овој трик речиси секогаш успева. Со црвен или друг кармин во интензивна боја, вашите усни ќе бидат во прв план и никој нема да забележи дека немате нанесено пудра и руменило на лицето.

kako-da-go-odmorite-liceto-od-teshkata-shminka-vo-leto-i-shto-da-koristite-kako-zamena-05.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
Маја Глигоровска за стилот и убавината: „Купувам облека во странство, а не тргам на пат без мојата б... „Избирам да се хранам здраво, а и кога ќе си дозволам да излезам надвор од рутин...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух) Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето...
Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg