Четири најголеми заблуди за целулитот

Целулитот може да се појави и кај оние со вишок килограми, но и кај слабите девојки.

chetiri-najgolemi-zabludi-za-celulitot-01.jpg

Едноставно е, едни се повеќе склони кон создавање набори кои личат на кора од портокал, додека други лесно се ослободуваат уште при првите знаци на целулит. Заблуда е дури и тврдењето дека мажите го немаат, иако ова не е којзнае колкава утеха.

Заблуда: Повеќе вода значи помалку целулит

Нема никаква научна поткрепа за тврдењето дека внесот на повеќе течности ги намалува наслагите од целулит. Со самото тоа што пиете доволно вода, вие придонесувате вашата кожа да изгледа убаво и блескаво.

Водата помага да се исфрлат токсините од телото, но не и оние кои учествуваат во настанувањето на целулитот. Потрудете се да не претерувате со количината на испиена вода во текот на денот, за да го зачувате здравјето на бубрезите.

Заблуда: Вежбањето го отстранува целулитот

Дури и оние кои редовно вежбаат може да имаат целулит. Но, колку помалку масни ткива имате, толку потешко целулитот ќе се „лепи“ за нив.

Секако, добро е да продолжите со физичката активност за да ги намалите масните ткива во телото и да ги одржувате мускулите затегнати.

chetiri-najgolemi-zabludi-za-celulitot-02.jpg

Заблуда: Постои исхрана против целулитот

Не постои одреден производ или режим на исхрана со кој ќе го отстраните целулитот. Здравата исхрана се подразбира, а брзата храна треба да биде целосно исфрлена од вашето мени, бидејќи е преполна со масти, а веќе претходно објаснивме дека целулитот полесно се нафаќа околу масните наслаги.

Во комбинација со вежбањето и соодветен антицелулитен козметички производ, здравата исхрана ќе ви помогне поефикасно да се изборите против таканаречената кора од портокал.

Заблуда: Целулитот се појавува само кај жените

Иако поретко, целулитот се појавува и кај мажите. На пример, само минатата година околу 6000 Американци побарале антицелулитна масажа или сличен третман во козметички салон.

Најчестата причина за појава на целулит кај мажите е нарушен баланс на андрогените хормони.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
7 типа обетки кои стојат одлично на седа коса Дури и косата да ви е седа, не мора да „им се давате на годините“. Напротив, пос...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...

Најчитани неделава