Мала ситница открива дали вашата пудра има поминат рок на употреба

Рокот на траење на пудрите вообичаено се движи од 12 до 18 месеци, во зависност од нејзиниот состав. Но, една мала ситница лесно може да ви открие дали е дојдено време истата да се фрли, бидејќи е веќе неупотреблива.

Mala-sitnica-otkriva-dali-vasata-pudra-ima-pominat-rok-na-upotreba-01.jpg

Течните пудри на база на вода имаат рок на траење од 12 месеци, а пудрите кои се на база на масло може да се користат до 18 месеци, со оглед на фактот што маслото е природен конзерванс.

Важно е да се придржувате до рокот на траење на производите од декоративната козметика, бидејќи во спротивно истите може да бидат штетни по здравјето.

Текстурата на пудрата ќе ви открие дали нејзиниот рок е истечен. Кога маслото од пудрата ќе „исплива“ на површината, а самата пудра ќе стане погуста, таквата структура е непосакувана, ќе ја покрие кожата нерамномерно, а тенот ќе изгледа прилично лошо, што е сигурен знак дека треба да ја фрлите пудрата.

Рокот на траење на течните пудри може да се продолжи на тој начин што пудрата ќе ја чувате на темно и суво место, со умерена температура (подобро да е пониска, отколку повисока), со тоа што редовно ќе ја протресувате амбалажата.

Со промешувањето на овој начин, маслото, водата и честичките секогаш ќе бидат рамномерно распределени во самата структура, а нанесувањето ќе биде мазно и беспрекорно.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
4 грешки поради кои пудрата ви изгледа лошо и неприродно Ја нанесувате со суво сунѓерче и ја тегнете кожата кога ја размачкувате. Ја н...
Шест знаци дека вашата кожа е „истрошена“ и оштетена (и како да ја вратите во нормала) Ако забележувате нерамномерна текстура на кожата или црвенило, па и пецкање, тог...

Најчитани неделава