Како да се ослободите од здодевните црни точки на Т-зоната?

Пробавте илјадници козметички препарати и маски за да се ослободите од митесерите, но тие сепак се тука? Постои решение и за тоа.

Kako-da-se-oslobodite-od-zdodevnite-crni-tochki-na-T-zonata-01.jpg

Што се митесери?

Сосема е погрешно верувањето дека тоа се пори затворени со слој нечистотија. Всушност, митесерите се проширени пори кои се полни со себум или масен слој, кој оксидирал под влијание на воздухот и неговиот горен дел се обоил црно, сиво или кафеаво.

Тие се тешки за отстранување бидејќи себумот е тврд, за разлика од акните, каде е течен. Токму во нивната структура се крие и решението за нив.

Kako-da-se-oslobodite-od-zdodevnite-crni-tochki-na-T-zonata-02.jpg

Домашен третман за отстранување на митесерите од Т-зоната

Т-зоната е дел кој најмногу се масти, па затоа и тука најчесто се појавуваат овие црни точки.

Најпрво, треба да го омекнете делот каде ги имате. За најдобри резултати, направете го тоа веднаш по бањање, кога порите се поотворени, а себумот омекнат.

Нанесете хидратантна крема на зоната каде сакате да ги отстраните, а потоа покријте со парче пластична фолија. Врз тоа, држете стоплена крпа и држете ја околу пет минути.

Kako-da-se-oslobodite-od-zdodevnite-crni-tochki-na-T-zonata-03.jpg

Потоа, отстранете ја фолијата и избришете со фротирна крпа. Завиткајте ги показалците со фротирната крпа и наместо да притискате, раширете ја кожата и себумот ќе почне да излегува.

Внимавајте, не смеете да го правите ова пречесто. Доволно е двапати во месецот, бидејќи можете да ја иритирате кожата и да се појави непријатно црвенило.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава