Како да спречите појава на акни?

Eucerin® DermoPure, е колекција на производи специјално креирана  за луѓе со кожа, склона кон акни. Производите од линијата ефикасно се борат со акнеичните промени на кожата и ги смируваат иритациите, при што истовремено ја спречуваат појавата на нови. Ефикасно делува уште од првото нанесување, и води до почиста и помазна кожа со тек на времето.

kako-da-sprecite-pojava-na-akni-01.jpg

Здравата кожа изгледа чиста и мазна. Приближно 80% од сите луѓе на возраст меѓу 11 и 30 години страдаат од акни, т.е. комедони, папули, пустули, понекогаш дури и цисти. Како резултат на тоа нивната кожа изгледа нечисто и е со воспалителни промени. Тоа е така, бидејќи во пубертетот производството на себум во порите и себацеалните жлезди е индуцирано од андрогените хормони. Дополнително, во себацеалните изводни канали има зголемена количина на мртви епидермални клетки. Но, не се засегнати само тинејџерите: за 20% од тие, коишто страдаат од акни за време на пубертетот, проблемот продолжува и подоцна и има големо влијание на начинот на живеење и во текот на повеќе години.

100-годишно искуство во областа на медицинската нега за кожата, за да се постигне контрола врз кожата, склона кон акни.

Кожата склона кон акни не е само естетски проблем. Луѓето со овој проблем треба да се справат и со воспаленијата, коишто можат да бидат болни и да имаат психолошки ефект на нивниот живот. Со над 100-годишното искуство во областа на медицинска козметика и новата линија Eucerin® Dermo Pure, Eucerin® знае како да им помогне на корисниците да ја преземат контролата над нивната кожа, склона кон акни.

Производите од новата серија водат до почиста и помазна кожа. Линијата предлага 10 производи, во коишто спаѓа и новиот Eucerin® Dermo Pure Регенеративна нега, којшто е центар на целиот асортиман. Препорачливо е да се користи навечер. Тој ги комбинира сите активни состојки, коишто ја подобруваат состојбата на кожата, со што обезбедува видливи резултати само после една седмица употреба.

Иновативна комбинација од состојки, за помазна и почиста кожа

Формулата во иновативниот нов производ Eucerin® Dermo Pure Регенеративна нега ефикасно го намалува црвенилото, ги отвара порите и ја заштитува кожата од појава на нови комедони. Ефикасно дејствува уште од првото нанесување, доведувајќи до почиста и мазна кожа со тек на времето. Моќниот 10% хидрокси комплекс содржи високоефикасна комбинација од пилинг честички: гликолна, салицилна и полихидроксилна киселина. Тие се особено погодни за кожа склона кон акни, со тоа што помагаат да се намали хиперкератозата и последователно комедоните. Освен тоа, производот има и силно антибактериско дејство во текот на ноќта. Благодарение на ликохалконот A и силно концентрираниот декспантенол, води до смирување на иритациите и помазна кожа.

Подобрената формула на целата серија Eucerin®DermoPure сега е уште поефикасна и се предлага во различни форми. Вклучени се високоиновативни комбинации од состојки како салицилна киселина, ликохалкон и карнитин. Салицилната киселина има антибактериско и комедонолитично дејство, со што ефикасно ги отстранува неправилностите на кожата и ја спречува појавата на нови. Двојно количество на ликохалкон А е вклучено за спречување  на микровоспаленијата, а карнитинот, активна состојка на кожата има себорегулирачко дејство.

Оваа комбинација од моќни активни состојки и ниска pH ги прави производите од линијата Eucerin® Dermo Pure исклучително иновативни и ефикасни. Клиничките и дерматолошките иследувања докажуваат многу висока ефикасност и подносливост од кожа, склона кон акни.

kako-da-sprecite-pojava-na-akni-02.jpg

Eucerin®DermoPure производи

  • Eucerin® Dermo Pure Skin Регенеративна нега
  • Eucerin®Dermo Pure Матирачки флуид
  • Eucerin® Dermo Pure Стик-коректор за кожа склона кон акни
  • Eucerin®Dermo Pure Интензивен смирувачки крем за кожа склона кон акни
  • Eucerin®Dermo Pure Гел за миење за масна кожа
  • Eucerin®Dermo Pure Тоник за масна кожа
  • Eucerin®Dermo Pure Мицеларна вода за масна кожа
  • Eucerin®Dermo Pure Пилинг за кожа склона кон акни

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...

Најчитани неделава