Трендови за убавина кои не треба да ги практикувате оваа есен

Трендовите се менуваат речиси секоја сезона, па и почесто, без разлика дали се работи за фризура, шминка или облека.

bjuti-trendovi-na-koi-treba-da-zaboravite-vo-slednata-sezona-01.jpg

Ако се подготвивте за есента и ги извадивте од фиоката сјајните сенки за очи, ве известуваме дека треба да ги вратите таму кај што беа и да набавите посмирени тонови.

Прочитајте кои три трендови веќе не се во тренд:

Сјајни очни капаци

Минатата година беше навистина модерно да имате сјајна светкава сенка на очните капаци, иако е навистина тешко да го носите тој тренд. За среќа, оваа есен модерни се неутралните бои на сенки за очи, кои содржат дискретни седефни пигменти.

bjuti-trendovi-na-koi-treba-da-zaboravite-vo-slednata-sezona-02.jpg

Мокриот изглед на косата

Овој тренд не им припаѓа на есента и зимата. Иако знаеме дека косата всушност и не е навистина мокра, веќе извесно време ваквиот изглед е целосно аут. Наместо тоа, обидете се со мазно испеглана коса или со целосно дефинирани кадрици.

bjuti-trendovi-na-koi-treba-da-zaboravite-vo-slednata-sezona-04.jpg

Размачкани усни

Светлите кремасти кармини кои се користат без моливче за усни оставете ги за летните вечери. Есента и зимата се сезони на прецизни линии и длабоки мат тонови.

bjuti-trendovi-na-koi-treba-da-zaboravite-vo-slednata-sezona-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава